Доколку сте во нова љубовна врска или пак, сте заедно одредено време, но сè уште не сте сигурни дали тој е вистинскиот за вас, тогаш овој едноставен тест од само 5 прашања може многу да открие за вашата врска. Изберете ги оние одговори кои најмногу одговараат на тврдењето над нив, без премногу да размислувате и потоа пронајдете го соодветниот одговор и откријте каков тип момче имате крај вас.rnrn
rn
1. Додека се бакнувате, вие:
rnа) Имате чувство како секој пат да е различноrnrnб) Целосно сте опуштени – како конечно да постои светски мир!rnrnв) Многу малку ви недостасува да почнете да се смеетеrn
2. Како најчесто го поминувате вашето заедничко време?
rnа) Се гледате откако тој ќе ви пише „Дали си за?“ по што следат 9 емотикони во различни љубовни нијансиrnrnб) Разговарате за дневните случувања, а потоа гледате епизода од вашата омилена ТВ серијаrnrnв) Загледани сте во Пинтерест. Поточно, вие го правите тоа. Тој најверојатно е на некој веб-сајт со порно филмови.rn
3. Вашиот сексуален живот личи на:
rnа) Џон Мајер и Кејти Пери: непостојан и огненrnrnб) Мила Кунис и Ештон Качер: сигурен и релативно честrnrnв) Оливија Поуп и огромна чаша вино: Кој сексуален живот?rn
4. Најдоброто нешто кај него е:
rnа) За време на сексот ви кажува колку сте секси. И неговите стомачни мускули!rnrnб) Тоа што прави претерано вкусна пица… Или што редовно ве задоволува во кревет? Тешка одлука.rnrnв) Подготвен е да ви купи тампони кога ќе го замолите.rn
5. Што мисли вашата најдобра пријателка за него?
rnа) Го нарекува со погрдни имиња, но таа не го познава добро и затоа не знае што зборуваrnrnб) Откако ќе испие чаша бело вино, тврди дека тој е вашата сродна душаrnrnв) Секој пат кога ќе ја прашате за него, таа ја менува темата – чудноrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]rn
Најмногу одговори под А: Момче дух
rnСега го гледате, сега не. Тој се појавува и исчезнува од вашиот живот кога ќе му падне на памет. Можеби ви изгледа како да сте сродни души, но тоа е така само бидејќи често му се губи траг, па вие скоро и да не го познавате. Внимание: Вистинскиот е секогаш расположен да поминувате време заедно.rn
Најмногу одговори под Б: Цврст како карпа
rnВие двајца веќе некое време мирно пловите заедно. Тој е посветен на вашата врска и лесно би можел, како што вели Фиби од ТВ серијата „Пријатели“, да биде вашиот јастог. Но, не заборавајте дека одвреме-навреме е неопходна и доза романса, како вечерни излегувања во вашиот омилен ресторан или секс кој трае подолго од 15 минути.rn
Најмногу одговори под В: Господин привремен
rnДлабоко во себе вие знаете дека тоа не е тоа кога станува збор за овој дечко, но дури и самата помисла на суровата самотија ве ужасува. Знаете што е најстрашно? Кога играте на сигурно со погрешниот маж, сè до бракот и потоа станувате очајна домаќинка која го изневерува својот сопруг со вистинскиот. Соберете храброст и раскинете му пред да биде доцна, сингл животот не мора да значи и осаменост.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]