Ова е вашето тело за време на кето диетата

Сподели

Кето диетата не е нова, но стана популарна последниве години. Многумина се одлучија да се обидат да ја намалат својата тежина преку внесувањето повеќе здрави масти како замена за јаглехидратите. Ова се некои работи што треба да ги знаете за оваа диета пред да ја започнете.

Реклама

Додека сте на кето диета, вашите клетки горат масти бидејќи немаат јаглехидрати, со што всушност најчесто „се хранат“. Оваа диета нема ограничувања како број на калории што не треба да го надминете или количество на храна која смеете да ја изедете. Плановите за кето исхрана имаат многу морска храна, црвено месо, пилешко месо, сирење, растенија кои немаат многу јаглехидрати, јајца, јогурт и здрави масти. Треба да се одбегнуваат намирници кои имаат шеќер и јаглехидрати.

Ваквиот начин на исхрана може да доведе до разни последици бидејќи на телото му е потребно време да се прилагоди на промената. Следуваат најчестите.rn

Се чувствувате како да имате грип

rnДодека се прилагодат на новата исхрана, многумина имаат симптоми слични на грипот или настинката, како главоболка, заматеност и вртоглавици. Во овој случај, најдобро е да пиете многу вода и да внесувате доволно сол.rn

Чувствувате потреба за јаглехидрати

rnНормално е да чувствувате потреба за јаглехидрати доколку претходно сте ги консумирале во огромно количество. Оваа потреба ќе се намалува со текот на времето. Сепак, јаглехидратите не се „непријател“ и може да внесувате малку од нив.rn

Ви се намалува апетитот

rnНајчесто, диетите прават да ни се јаде повеќе, но ова не е случајот со кето диетата. Тоа се случува бидејќи не го ограничувате количеството на храна кое го внесувате, туку само видот. Згора на тоа, на желудникот му треба повеќе време да ги преработи протеините и мастите отколку јаглехидратите.rn

Почесто мокрите

rnВо првите денови од кето диетата ќе исфрлате многу вода бидејќи телото ја гори резервната глукоза во црниот дроб и мускулите. При често мокрење се губат електролити и минерали, а тоа може да доведе до дехидратација. Пијте многу вода за да го одбегнете ова.rn

Проблеми со столицата

rnСекогаш кога се губат течности се појавуваат и проблеми со столицата. За да го спречите ова, пиењето доволно вода е многу важно. Исто така, се препорачува јадење намирници кои содржат многу влакна.rn

Пад на енергијата

rnЌе забележите пад на енергијата на самиот почеток на кето диетата. Меѓутоа, телото набргу ќе се врати во нормала и ќе се чувствувате енергични.

Пред да започнете со овој режим на исхрана прочитајте за 16-те можни опасности од кето диетата за кои треба да знаете.

Најново

Може ќе ве интересира