КАФЕ ПАУЗА

10 совети за лесно слабеење

Откријте како да ослабите без многу одрекувања и вашето тело да го доведете во совршена форма без преголеми напори. Секако, никој не вели дека ова е најдобриот или најефикасниот начин, но во секој случај вреди да се проба.rnrn10 совети за лесно слабеењеrn

1. Селфи фотографии

rnФотографирањето на вашето тело еднаш неделно може да ви помогне во намалувањето на мастите за 2,6 проценти, открива едно истражување спроведено во Шпанија. Авторите откриле дека гледањето во својата половина од недела во недела ви помага во подигнување на свеста за здрав начин на живот и вежбање.rn

2. Кардио интервали

rnНе мора да тренирате повеќе, туку попаметно. Луѓето кои правеле интензивни тренинзи во период од 8 месеци отстраниле 3 сантиметри од масните наслаги повеќе отколку луѓето кои за време на истиот период трчале на трака. Истражувањата покажале дека интервалните тренинзи го тераат телото да троши дополнителни калории подолг период по напуштањето на теретаната.rn

3. Ужина, па шопинг

rnПред да одите во шопинг изедете едно јаболко. Истражувањето на Универзитетот Корнел открило дека луѓето кои јадат овошје пред да одат на шопинг, купуваат 28 проценти помалку намирници и во голем процент избегнуваат брза храна. Исто така, консумацијата на здрави ужини пред шопинг, потсвесно влијае на тоа какви намирници ќе купуваме.rn

4. Играјте видео игри

rnИграњето видео игри ја намалува желбата за храна. Луѓето кои играат видео игри ја намалуваат желбата за храна за дури 20 проценти. Играњето друштвени игри ја подобрува когнитивната концентрација која го одвлекува вниманието од храната.rn

5. Следете го својот напредок

rnРедовното мерење може да ви помогне во намалувањето на килограмите. Луѓето со прекумерна тежина кои се мерат редовно може да изгубат и до 5,7 килограми годишно, за разлика од оние кои воопшто не се мерат.rn

6. Редовни прошетки

rnДоколку не вежбате во теретана, умерена секојдневна триесетминутна прошетка ќе ви помогне да изгубите 4 сантиметри од вашиот струк за период од 12 недели.rn

7. Бадеми наместо благо

rnНајлошата опција за намалување на гладот во попладневните часови е консумацијата на благо. Многу попаметно би било доколку јадете бадеми.rn

8. Џвакајте бавно

rnБавното џвакање на храната ќе ве направи послаби и повитки, се наведува во едно јапонско истражување. Долгото џвакање на нашиот мозок му дава повеќе време да регистрира дека сме сити. Покрај тоа, кога јадеме побавно, нашиот крвен притисок расте во контролиран ритам, за разлика од брзиот раст кога јадеме многу брзо.rn

9. Редовно спиење

rnСпиењето е од пресудно значење за регулација на апетитот. Научниците откриле дека недостатокот од спиење доведува до пораст на нивото на хормонот грелин, кој го контролира апетитот, а го намалува нивото на хормонот лептин кој на нашето тело му дава сигнал дека не сме повеќе гладни.rn

10. Денови за награда

rnАко ви е тешко да се придржувате до диети, одредете еден ден во неделата кога ќе се наградите со нешто убаво за јадење. Истражувањата покажале дека „лажењето“ еднаш во неделата е навистина корисно, бидејќи нѐ мотивира да се држиме до зацртаниот план на исхрана.