Во последно време многу се зборува за вистинската убавина, за Фотошоп-револуцијата која ги дефинира ставовите и очекувањата на младите луѓе за својот изглед врз основа на она што им се сервира во модните магазини. Веројатно се претера со презентирањето на совршенство на насловните страници, па сега сè почесто имаме прилика да видиме дека совршена убавина всушност не постои, а она што го гледаме е резултат на моќна трансформација со помош на Фотошоп.rnrnrnrnВо еден експеримент биле повикани 4 жени кои биле дотерани, нашминкани и со средени фризури пред да застанат да позираат пред професионален фотограф. Добиените фотографии потоа биле обработени како за на насловна страница. Резултатот е очигледна трансформација. Но, дали бришејќи ги цртите на лицето и недостатоците на телото кои се дел од нас, сепак остануваме тоа што сме и дали самите можеме да се сакаме кога знаеме дека тоа на насловните страници всушност не сме ние? Погледнете ги реакциите на жените.rnrn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.