КАФЕ ПАУЗА

Бразилска диета: Комплетно мени за цела недела

Бразилска диета: Комплетно мени за цела недела

Бразилската диета е една од најпознатите „брзи“ диети бидејќи овозможува експресно губење на килограмите – до 10 килограми за 2 недели. Постојат две верзии на диетата – брза и нормална. Бидејќи брзата диета е сиромашна со многу хранливи материи, најдобро е да не ја пробувате. Вo продолжение можете да погледнете целосно мени за 7 дена за нормалната бразилска диета. Диетата се држи 4 недели, се јаде 4-5 пати дневно, а основните намирници се овошје и зеленчук.rnrnБразилска диета: Комплетно мени за цела неделаrn

Понеделник

rnПојадок: 1 портокал, 1 банана, 1 чаша сок од портокал.rnrnУжина: 1 чаша сок од портокал и 1 парче двопек.rnrnРучек: 100 грама готвена риба, 100 грама салата од сиров зеленчук.rnrnВечера: Исто како и ручекот.rnrnПред спиење: 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче двопек.rn

Вторник

rnПојадок: 1 меко варено јајце, 1 чаша сок од јаболка.rnrnУжина: 1 мало парче двопек, 1 чаша сок од јаболка.rnrnРучек: 100 грама варено месо, 2 варени компири, 4 листови зелена салата.rnrnВечера: 200 грама готвена риба, 1 тврдо варено јајце, зелена салата, грашок (свеж или од конзерва).rnrnПред спиење: 1 чаша сок од јаболка, 1 двопек.rn

Среда

rnПојадок: 1 шолја обезмастено млеко, 1 двопек.rnrnУжина: 100 грама обезмастено сирење.rnrnРучек: 100 грама ориз, 150 грама салата од свежа зелка со прелив од 1 лимон и лажичка ситно исечкан магдонос.rnrnВечера: 100 грама варено месо, 1 јаболко, 4 листа зелена салата.rnrnПред спиење: 1 чаша сок од јаболка, 1 мал двопек.rn

Четврток

rnПојадок: 1 чаша сок од ананас, 60 грама ананас.rnrnУжина: 1 чаша сок од ананас, 1 мал двопек,rnrnРучек: 100 грама варено месо, мало парче сирење и 1 портокал.rnrnВечера: 2 варени компири, 150 грама салата од свежи рендани моркови со малку масло.rnrnПред спиење: 1 чаша сок од ананас, 1 парче двопек.rn

Петок

rnПојадок: 1 чаша сок од јаболка, 1 мало парче двопек.rnrnУжина: 1 јаболка, 1 портокал.rnrnРучек: 150 грама риба, 2 мали варени моркови.rnrnВечера: 1 чинија супа од зеленчук (или крем супа од печурки, или чинија рибина чорба), мало парче леб.rnrnПред спиење: 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче двопек.rn

Сабота

rnПојадок: 1 чаша сок од јаболка, мало парче двопек.rnrnУжина: 150 грама варено цвекло со малку растително масло.rnrnРучек: 1 чинија супа од зеленчук, печурки или рибина чорба и мало парче леб.rnrnВечера: 100 грама пржени печурки, 100 грама салата од сиров зеленчук.rnrnПред спиење: 1 чаша сок од јаболка, 2 крекери.rn

Недела

rnПојадок: 1 банана, 1 рака суво грозје.rnrnУжина: 1 чаша сок од моркови, 1 мало парче двопек.rnrnРучек: 100 грама варено месо, 100 грама салата од свежа зелка, млад лук и сок од 1 лимон.rnrnВечера: 1 чинија супа од зеленчук, печурки или рибина чорба, 100 грама овошје, 4 листа зелена салата.rnrnПред Спиење: 1 чаша сок од јаболка, 2 сушени смокви.rnrnДиетата може да се повтори по потреба од 2 до 4 недели, но никако подолго од тоа. Враќањето на „нормалниот“ начин на исхрана ќе го постигнете со зголемување на внесот на овошје и зеленчук, како и почесто внесување на намирници богати со протеини. Диетата е богата со овошје и зеленчук, па не може да дојде до недостаток од витамини и минерали. Исто така распоредот на оброците е таков што воопшто нема да почувствувате глад или проблеми со нивото на шеќер во крвта. За најдобри резултати се препорачува и секојдневна умерена физичка активност, како 30 минути пешачење, возење велосипед или пливање.rnrnДоколку не ви се допаѓа бразилската диета, погледнете кои се 5-те најпопуларни диети.