КАФЕ ПАУЗА

7-годишно девојче со Даунов синдром ќе ви покаже што значи убавината

7-годишно девојче со Даунов синдром ќе ви покаже што значи убавината

И покрај целиот напредок во светот, сè уште сме далеку од еднаквоста. Но оваа приказна покажува како едно навистина посебно девојче, успешно ги менува мислењата во една од најтешките индустрии.rnrn7-годишно девојче со Даунов синдром ќе ви покаже што значи убавинатаrnrnГрејс има седум години и како и секое друго мало девојче, се надева на неверојатна иднина. Но за разлика од повеќето мали девојчиња, Грејс има нешто што може да ја спречи во остварувањето на нејзините соништа. Грејс има Даунов синдром. Како 60.000 други во нејзината родна Велика Британија, Грејс успева да живее со болеста и да има одличен живот.rnrnИ покрај тоа што има само седум години, таа е на добар пат да ја достигне кариерата од нејзините соништа. Грејс е надежен модел. Нејзината кариера започнала кога видела објава на Фејсбук. На објавата се барале модели со недостатоци за фотографирање. Нејзините родители знаеле дека Грејс обожава да биде центар на вниманието, па ја пријавиле.rnrn7-годишно девојче со Даунов синдром ќе ви покаже што значи убавинатаrnrnНа аудицијата Грејс ги воодушевила сите со нејзината самодоверба и хумор. Тие сфатиле дека ја откриле личноста што им треба. Закажаната фотосесија била огромен успех и била отскочна даска за поголеми нешта. Грејс закажувала сè повеќе и повеќе фотосесии, а компаниите ја сакале и неа и нејзините неверојатни пози.rn

„За многу кратко време, и Дизни покажа интерес за неа. А има соработувано и со детските канали Cbeebies и BBC“, изјавил Шерил, мајката на Грејс.

rn7-годишно девојче со Даунов синдром ќе ви покаже што значи убавинатаrnrnПокрај тоа што ја освојува модната индустрија, Грејс се појавува и на телевизија и во филмови. Воопшто не е лошо за некој кој сè уште не се ослободил од млечните заби.rnrnОваа приказна покажува дека луѓето треба да размислат за стигмата поврзана со Дауновиот синдром и другите слични состојби. Дури и родителите на Грејс, Џон и Шерил, биле разочарани кога откриле за нејзината болест.rn

„Кога открив дека Грејс ќе биде родена со Даунов синдром бев уништена. Следното утро кога се разбудивме, реков дека можеби има Даунов синдром, но сепак ќе биде нашето малечко.“

rn7-годишно девојче со Даунов синдром ќе ви покаже што значи убавинатаrnrnЗа среќа Џон и Шерил брзо ги надминале нивните проблеми и ја ценат Грејс.rn

„Оттогаш славиме сè во врска со неа. Таа е неверојатна.“

rn7-годишно девојче со Даунов синдром ќе ви покаже што значи убавинатаrnrnГрејс е навистина сакана и на училиште. Всушност, нејзината наставничка изјавила дека Грејс е најпопуларната личност таму. Нејзините соученици изјавиле дека сакаат кога си играат со неа, дека е навистина слатка и дека ги дава најдобрите прегратки.rnrn7-годишно девојче со Даунов синдром ќе ви покаже што значи убавинатаrnrnАко налетате на некој што мисли дека луѓето со Даунов синдром се несреќни или вредат помалку од другите, би требало да му ја пренесете приказната на Грејс. Таа има само седум години, а успеала да постигне повеќе од многу возрасни. Вистинска инспирација за секого.rnrnПрочитајте ги и приказните на овие силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и станале среќни.