КАФЕ ПАУЗА

Стареењето можеби и не е толку лошо

Стареењето можеби и не е толку лошо...

Насекаде низ светот владее мислењето дека постарите луѓе се тажни и непривлечни личности кои се чувствуваат осамено и финансиски ограничено. Но, изгледа дека токму овие постари луѓе не се чувствуваат ни приближно толку лошо колку што мислат помладите… Стареењето можеби и не е толку лошо...Истражувањето спроведено од Институтот за јавно мислење од Њујорк открило интересни факти за 5-те најпознати митови за стареењето:rnrn1. Постарите луѓе се тажни. Всушност, младите се потажни. Само околу 29% од младите на 18-30 години се опишале себеси како „многу среќни“, во споредба со 44% од луѓето над 65 години.rnrn2. Постарите луѓе мразат како изгледаат. Кога луѓето над 65 години биле запрашани што ги загрижува најмногу, 82% од нив одговориле дека тоа е губењето на меморијата, а само 11% биле загрижени за губењето на нивниот изглед.rnrn3. Постарите луѓе се сиромашни. Вистината е дека тие ниту се чувствуваат сиромашно, ниту пак имаат голем проблем со финансиите. Само 15% од оние над 65 години изјавиле дека одвреме-навреме им е потребна финансиска помош.rnrn4. Постарите луѓе не се во тек со технологијата. И покрај тоа што сите ние сметаме дека мал број од луѓето над 65 години можат да ја следат технологијата, само 15% од испитаниците се согласуваат со ова тврдење.rnrn5. Постарите луѓе се осамени. И покрај тоа што околу 37% од луѓето веруваат дека осаменоста ќе им биде проблем во староста, само 5% од оние над 65 изјавиле дека е.rnrnРоџер Баугарт, извршниот директор на „Home Instead“ изјавил дека неговата компанија побарала реализирање на оваа анкета за да може да се направи разлика помеѓу митовите и реалноста за она што значи да се биде постар во денешно време.rn
rn

„Мора да постои пореалистичен поглед кон стареењето, бидејќи популацијата на постарите се зголеми од 800 милиони на 2 милијарди луѓе во последниве 30-тина година“, изјави тој.

rnОва се дефинитивно добри вести за сите оние кои се плашат од животот по 60-тата година…rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn