КАФЕ ПАУЗА

Кафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нешта

Кафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нешта

Во Америка постои навистина посебна кафетерија наречена Bitty & Beau’s Coffee Shop. Местото било отворено со цел да направи разлика во светот. Овде нема да ве послужат само со пијалаци и храна, туку и со неверојатно искуство. Според официјалниот веб-сајт на кафетеријата, ова е место каде што разновидноста не само што се цени, туку и се слави.rnrnКафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нештаrnrnПа што е она што ја прави оваа кафетерија толку уникатна? Ова е бизнис каде што се вработуваат луѓе со попреченост во физичкиот и менталниот развој. Сопствениците сакале да направат нешто за да ги подобрат животите на вработените и да ги променат верувањата на муштериите. Тие сакале да покажат дека луѓето со попреченост се способни за работа како и секој.rnrnДенес помалку од 20% од луѓето со попреченост се вработени. Најчесто тие работат со половина работно време и поретко завршуваат факултет, со што им се отежнува барањето работа. Воглавно, тешко им е да го пронајдат нивното место во професионалниот свет, а стигмата е најголемата пречка за тоа.rnrnКафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нештаrnrnМногу луѓе не се свесни за животите, желбите и способностите на луѓето со попреченост. Поради ова, повеќето сметаат дека овие луѓе немаат многу да понудат. Често и работодавците се загрижени дека не можат да им ја понудат потребната поддршка на работниците со попреченост.rn

„Моите вработени не се расипани. 200 милиони луѓе ширум светот кои живеат со ментална или физичка попреченост во развојот не се расипани. Она што е расипано е леќата низ која ги гледаме овие луѓе“, изјавила сопственичката Ејми Рајт.

rnКафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нештаrnrnИнтересното за оваа кафетерија е тоа што веќе почна да ги предизвикува погледите на луѓето. Таа станало место каде што вработените со попреченост се видени, но и ценети. Муштериите од прва рака сведочат дека и овие луѓе можат да работат како и сите други. Сопствениците се надеваат дека нивниот успех ќе инспирира и други компании да ги најмуваат луѓето со попреченост.rnrnКафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нештаrnrnСопственичката Ејми е мајка на две деца со Даунов синдром – синот Бо и ќерката Бити. Бидејќи била свесна дека светот не е лесно место за луѓето како нејзините деца, таа добила идеја.rn

„Ме удри како молња – кафетерија! Сфатив дека ова ќе биде совршеното опкружување за зближување луѓе. Кога ќе видат како вработените примаат порачки и служат кафе, ќе сфатат колку се способни.“

rnКафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нештаrnrnПрвата кафетерија е отворена во 2016-та година во Њујорк, а поради големиот успех, во 2018-та година отворена е уште една кафетерија во Јужна Каролина. Големиот успех ѝ донел и награда на Ејми во 2017-та година и таа е прогласена за херој на годината. Кога ја земала наградата, Ејми изјавила:rn

„Ќе им го однесам ова дома на 40-те вработени во Bitty & Beau’s бидејќи тие се моите херои. И најмногу од сè, мои најмили деца, Бити и Бо, кои сте моја инспирација, сакам да знаете, бидејќи знам дека гледате, дека нема да ве променам за ништо на светот, но ќе го променам светот за вас.“

rnКафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нештаrnrnКафетеријата постојано добива позитивни критики, а на муштериите им се допаѓаат пијалаците и услугата. Со популарноста на бизнисот која само се зголемува, Ејми и нејзиниот сопруг бараат нови локации за нови кафетерии. Целта им е да продолжат да отвораат локали низ целата држава, за да им овозможат работно место на повеќе луѓе со попреченост.rnrnПрочитајте ја приказната и на оваа неверојатна жена која прави персонализирани кукли за деца со попреченост во развојот.