10 застарени правила за уредувањето на домот кои можете слободно да ги заборавите

Сподели

Сите ние сме навикнати да купуваме маси и столици од иста колекција. Кога купуваме кревет, купуваме цела спална соба. За среќа, овие застарени сфаќања и правила пополека одат во заборав. Погледнете кои правила можете да ги прекршите кога е во прашање уредувањето на домот, а притоа тој да биде модерен, удобен и практичен. На овој начин сигурно ќе заштедите пари и ќе му дадете личен печат на ентериерот.

Реклама

rn

1. Совпаѓање на софата со фотелјите

rnМногу луѓе се навикнале на идејата дека мебелот се купува во комплет: Софата и фотелјите би требало да се исти. Не морате повеќе да се држите до ова правило. Можете да купите фотелји со поразличен дизајн од софата. Она што е важно е да бидат слични со нешто друго во вашиот дом.rn

2. Мебел за спалната соба

rnНе мора да купувате спална соба во комплет. Без неа можете да живеете. Купете само некои убави ноќни масички кои ќе стојат покрај креветот.rn

3. Бели ѕидови

rnДа, можете да имате бели ѕидови, а вашиот дом да не изгледа како болница, но само доколку немате премногу бели работи во просторијата. Најважно е на што ќе го ставите акцентот, за вашиот ентериер да изгледа пространо и атрактивно.rn

4. Мебел по должина на ѕидовите

rnОва е често правило, бидејќи луѓето веруваат дека на овој начин ќе добијат повеќе простор во собата. Секако, ако собата е мала тогаш и нема други опции. Меѓутоа, доколку е доволно голема, слободно заборавете на овој стереотип.rn

5. Обични плочки во бањата

rnПостојат толку многу начини да ја декорирате бањата што слободно можете да заборавите на обичните плочки. Можете да испробате плочки кои изгледаат како камен, бетон, па дури и како дрво.rn

6. Совпаѓање на масата и столиците

rnНаправете ја трпезаријата живописна така што ќе купите маса и столици од различни колекции. Не плашете се да експериментирате.rn

7. Големи парчиња мебел

rnГолемите фотелји и софи повеќе не се популарни. Денес е популарен едноставниот мебел со мали димензии. Кога избирате мебел, запомнете едно правило – колку помала соба, толку помали фотелји, софи и сѐ останато.rn

8. Детска соба во силни бои

rnДетската соба може да биде со помирни тонови, без многу силни бои. Во таквата соба детската фантазија подобро ќе се развива, а можете да ја направите поинтересна со играчки, постери и различни цртежи.rn

9. Бетонот е премногу груб

rnПостојат многу начини да го искористите бетонот во средување на домот. Може да изгледа многу добро во модерното дизајнирање на ентериерот. Негова голема предност е што е отпорен на вода, па дури можете да го искористите и во бањата.rn

10. Мрежести завеси

rnАко не ги сакате, не мора да ги ставате. Малите соби без нив ќе изгледаат дури и многу поголемо.

Доколку сакате да создадете удобно и пријатно место за живеење, погледнете ги овие безвремени идеи за уредување на домот.

Најново

Може ќе ве интересира