Среќната љубовна врска вклучува меѓусебно почитување, разбирање, поддршка и подготвеност за компромис. Едно ново истражување покажало дека постои уште еден показател дека сте во среќна врска.rnrn
rnrnЛуѓето во сериозни љубовни врски се навикнати да делат сè, односно речиси сè. Додека повеќето парови немаат проблеми со делењето на храната, тоалетот и сметките, многу луѓе се воздржани кога станува збор за споделувањето на нивните најинтимни мисли.rnrnИстражувањето дошло до заклучок дека можноста да разговарате со партнерот целосно искрено, и тоа буквално за сè, кажува многу за квалитетот на врската.rnrnВо истражувањето учествувале парови кои во просек биле заедно две и пол години. Испитаниците требало да одговараат на прашања за тоа колку им е добра комуникацијата со партнерот, колку се задоволни од сексуалниот живот, колку разговараат за секс, за што разговараат со партнерот и дали се подготвени да разговараат и за непријатни теми.rnrnСе покажало дека паровите кои си ги откриваат и најинтимните мисли се во најсреќни врски, најзадоволни од сексуалниот живот и сметаат дека имаат силна поврзаност со партнерот.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во среќна и здрава врска.
Кои се и какви се најсреќните врски?
