Во Флорида наскоро ќе започнат со изградба на подводен јавен парк наречен ReefLine, кој ќе се протега на дури 11,2 километри во водите околу плажата Мајами.rnrn
rnrnИдејата за подводниот парк е идеја на аргентинската уметничка Химена Каминос, која сакаше да ги посочи проблемите поврзани со климатските промени, топењето на ледените капаци, уништувањето на флората и фауната во морињата и океаните, но и промовирањето на биодиверзитетот. Покрај тоа, паркот вклучува вештачки корален гребен дизајниран да ги заштити загрозените морски организми и да го зајакне брегот на Мајами.rnrn
rnrnПаркот ќе го гради архитектонското студио ОМА во соработка со морски биолози, инженери и истражувачи на просечна длабочина од околу шест метри, а првиот кој ќе биде долг 1,6 километри треба да биде отворен за јавноста веќе во декември следната година.rnrnReefLine треба да биде Мека за љубителите на нуркањето кои ќе можат да уживаат во спектакуларните природни убавини, но и скулптурите и разните уметнички инсталации што ќе бидат поставени во подводниот парк.rnrnПогледнете го ова прекрасно езеро со необична боја каде што и вие ќе сакате да си направите неколку фотки.
Јавен парк во кој не можете да „влезете“ без нуркачка маска и перка
