Од приказните со духови кои следуваат, дефинитивно ќе ве полазат морници по грбот. Оваа колекција надреални фотографии, ќе ве натера да го преиспитате сето она што сте го знаеле за духовниот свет и да размислите дали овие два света се навистина толку многу оддалечени, како што луѓето отсекогаш верувале.rnrnПаранормалните истражувачи потрошиле децении макотрпно истражувајќи ја секоја фотографија, откривајќи некои работи и неуспевајќи да дознаат други. Тие сметаат дека повеќето од ваквите фотографии со „духови“ можат логично да се објаснат како трик на светлината, сенките и апаратот, кој направил да гледаме нешто што не постои. Во што ќе верувате, одлучете сами откако ќе ги прочитате овие морничави приказни.rnrnОваа фотографија е направена во 1959 г. во австралискиот град Алис Спрингс, во Северната територија, на карпата Коробори. На неа гледаме нешто што наликува на жена која ги држи рацете кон нејзиното лице и гледа во далечина.rnrn
rnrnЖителите на Квезон Сити на Филипините се држат настрана од улицата „Balete Drive“ во вечерните часови. Тие велат дека жена облечена во бело, со долга црна коса и со лице прекриено во крв, стои на сред улица. Возачите секогаш ги пополнуваат сите места во автомобилот со патници, бидејќи се плашат дека доколку едно место остане празно, истото може да го преземе непоканетиот гостин. На фотографиите се гледа само како јако бело светло на патот, а силуетата на жената ѝ е многу малку видлива.rnrn
rnrnОваа жена била во посета на музејот „Fleet Air Arm“ во селото Јелвертон, Самерсет, Англија, во 1987 година. Додека позирала за оваа фотографија, таа рекла дека неа ѝ било невообичаено студено, и покрај тоа што денот бил многу топол. Таа исто така тврди дека била сама во авионот. Ако тоа е точно, тогаш кој е тој што седи од нејзината десна страна?rnrn
rnrnКлои работела како робинка на плантажата на Мартл во Луизијана. Таа честопати ги прислушувала приватните разговори на сопственикот, кои не смеела да ги слуша. Едно попладне, таа била уловена на лице место како го прави тоа, поради што газдата ѝ го отсекол увото за казна. За да му се одмазди, Клои испекла отровна торта со листови од олеандер. Таа сакала нејзиниот злобен газда да ја изеде, но наместо тој, ја пробалеќерка му и жена му. Робинката побегнала од куќата, но набрзо била линчувана од следните робови на сопственикот. Се верува дека таа сѐ уште ја демне плантажата. Таа понекогаш може да биде видена зад вратите, столбовите или во грмушките на резиденцијата.rnrn
rnrnОваа фотографија била направена во текот на Американската граѓанска војна. Духот на некој од мртвите војници, бил фатен на камера, како се качува по скалите кон подрумот.rnrn
rnrnАвстралијка со име г-ца Андрус го посетила гробот на нејзината ќерка во Квинсленд, Австралија, во 1940-та година, кога ѝ ја направила оваа фотографија. Нејзината ќерка Џојс умрела една година претходно, на 17-годишна возраст. Жената била шокирана кога забележала дека на фотографијата, седи дете на гробот на ќерка ѝ, кое не го препознава. Австралискиот паранормален истражувач Тони ја посетил гробницата во 1990 година за да дознае дека, во близина на гробот на Џојс, биле закопани две женски бебиња.rnrn
rnrnДајан и Питер Бертелот ја посетиле црквата Вортстед во Норфолк, Англија во 1975 година, со нивниот 12-годишен син. Питер направил фотографија од неговата жена додека се молела на клупата. Кога ја погледнале сликата неколку месеци подоцна, некој нивни пријател ги прашал кој е тој што седи зад Дајан. Мистериозната фигура изгледа како да е облечена во старомодна облека и носи качкет на главата. Збунети од тоа што го виделе, мажот и жената се вратиле во црквата една година подоцна, за да ја покажат нивната фотографија. Тогаш свештеникот им ја раскажал легендата за духот на белата дама, кој ги посетувал луѓето кои се болни и нив ги теши и така ги лекува. Дајан била шокирана кога го слушнала тоа, бидејќи во моментот кога се фотографирала, таа била на антибиотици и не се чувствувала добро. Легендата за Белата дама, е стара повеќе од 100 години. Се смета дека таа се појавува секоја година на Божиќ и црквата во која престојувала, сега е паб кој соодветно е именуван „Белата дама“.rnrn
rnrnРоберт Фергусон бил спиритуалист и автор на книгата „Психичка телеметрија: Нов клуч за здравје, богатство и совршено живеење“. Тука е фотографиран на својот говор во Лос Анџелес, Калифорнија на 16 август 1968 г. Тој верува дека сенката зад него, е неговиот брат Волтер, кој умрел во 1944 година во текот на Втората светка војна. Но, многу „ловци“ на духови, сметаат дека ушите на брат му се многу поразлични и сметаат дека станува збор за друга личност.rnrn
rnrnОва е фотографија од починатата баба на Дениз Расел. Години после нејзината смрт, внуката со другите членови на семејството разгледувале стари фотографии и ја пронашле оваа, која била направена неколку години пред тоа. Шокантен е податокот дека на фотографијата се гледа и нејзиниот дедо зад баба ѝ, кој умрел 10 години пред да биде направена оваа фотографија.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
