КАФЕ ПАУЗА

5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова лето

Како што се наближува летото, така треба да почнете да размислувате за вашите планови за патување и одмор. Во светот има толку многу неверојатни дестинации кои веројатно не се во вашиот радар на места кои би сакале да ги посетите, но дефинитивно нема да ве разочараат. Земјите кои ќе ги најдете на оваа листа не се баш конвенционални дестинации за одмор и вообичаено нема да ги видите во просечен водич за патување. Но, посетата на овие дестинации ќе ви остави многу спомени и приказни за споделување во иднина.rn

1. Филипини

rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnФилипини е магична земја со дури 7.106 острови. Едноставно нема да ви биде доста од нивната љубезност, ниски цени, пријателски настроени луѓе и прекрасни плажи. Дали можете да замислите како пиете свеж кокос на плажа, додека ве масираат и ги слушате звуците на брановите кои се удираат од брегот? Овој опис накратко ги објаснува убавините на оваа земја. Ако некогаш планирате патување во овој дел од светот, тогаш мора да ги посетите Филипините.rn

2. Украина

rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnМожеби природно сте исплашени кога ќе го чуете зборот „Украина“, знаејќи ги последните политички превирања, но не е сè како што изгледа во вестите и безбедноста во Украина е на нивото како во секоја нормална земја. Главниот град, Киев, е прекрасно место за истражување. Таму нема многу туристи, па ќе доживеете интересно искуство. Ќе бидете импресионирани од необичната архитектура на црквите и замоците. Ноќниот живот во Киев е енергичен, а цените се многу пониски од кој било друг главен град низ Европа.rn

3. Мјанмар

rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnМјанмар (Бурма) е земја која од неодамна ги отвори своите граници за туристите, па можете да добиете виза веднаш по слетувањето на меѓународниот аеродром во Јангон. Но, најдобро е да ја посетите оваа земја што поскоро, додека е автентична, а цените не се астрономски. Се очекува Мјанмар да стане новиот Тајланд со наездата на туристите, да ја изгуби автентичноста и секако, да се комерцијализира.rn

4. Јужна Кореја

rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnШтета е што Јужна Кореја често е засенета од нејзиниот сосед, Јапонија, како атрактивна туристичка дестинација. Технолошки развиениот, футуристички и урбан стил на живот во Сеул комплетно ќе ги помести вашите сфаќања и верувања. Кореја е една од најбезбедните земји во светот бидејќи корејската култура главно се темели на почитта кон другиот. Корејската храна е евтина и вкусна, а ноќниот живот во Сеул е најдобар во целиот свет.rn

5. Боцвана

rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnПоследна, но не и најмалку важна на листата е Боцвана. Во оваа мирна земја живеат пријателски настроени луѓе, а најпозната е поради дивиот свет што живее таму и прекрасните пејзажи. Тргнете на сафари низ Боцвана за да видите нилски коњи, крокодили, лавови, леопарди, носорози, зебри и многу други егзотични животни. Ќе се изненадите од фактот дека 17% од територијата на Боцвана опфаќа национални паркови кои се дом на најголемите стада од слонови на Земјата.