Прекрасно езеро со необична боја каде што и вие ќе сакате да си направите неколку фотки

Сподели

Сакис Сиваш е едно од местата што привлекува најголемо внимание на Крим – фасцинантниот полуостров на Црното Море на кој не му недостасуваат природни убавини.

Реклама

Меѓу замоците, плажите, империјалните резиденции, на списокот со атракции што секој турист треба да ги посети е розовото езеро. Одвоено од Црното Море со парче земја, ова езеро е најголемо на Крим и се наоѓа на западната страна на полуостровот. Езерото ја должи својата необична боја на микроорганизмите.

Корисната сол што ја има во лековитата кал се вади од езерото стотици години и често се наоѓа на трпезите на богатите. Но, во превод, Сакис Сиваш значи смрдлива кал.

Реклама

Популарноста на ова езеро значително се зголеми кога тоа се појави на социјалните мрежи. Тоа е омилено место на инфлуенсерките и на сите оние кои заработуваат пари објавувајќи на Инстаграм.

Прочитајте и за оваа зелена оаза во Мадрид која 400 години била забранета за „обичните“ луѓе.

Најново

Може ќе ве интересира