Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Сподели

За една анонимна талентирана или неталентирана личност да стане славна, понекогаш е неопходно да си го смени името за да биде подобро прифатена од пребирливата публика полна со предрасуди. Ова се триесетмина од нив кои се решиле на ваков чекор.rn

Реклама

Мила Кунис

rnТаа е родена како Милена Марковна Кунис. Нејзините родители се доселиле од Украина во Лос Анџелес кога таа имала седум години.

rn

Реклама

Хоакин Феникс

rnХоакин Рафаел Ботом/Лиф е третото од петте деца на двајца членови на култот Божји деца. Покрај него и останатите четири деца имале интересни и необични имиња: Река, Дожд, Слобода и Лето. Тој како млад го користел името Лиф (Лист) за да има слично име поврзано со природата како и неговите браќа и сестри.

rn

Риси Витерспун

rnРиси е моминското име на мајка ѝ. Инаку таа се вика Лора Џин.

Реклама

rn

Кети Пери

rnПред да го пее она што го пее денес, таа се бавела со христијанска музика под нејзиното вистинско име – Кетрин Хадсон.

rn

Кристофер Вокен

rnКрстен е Роналд Вокен според актерот Роналд Колман. Наводно пејачката Моник фан Ворен, со која порано работел, почнала да го вика Кристофер без некоја посебна причина, а тоа останало. Најблиските пријатели сепак го викаат Рони.

rn

Натали Портман

rnНатали Хершлаг не било атрактивно име за во филмската индустрија, па затоа си го сменила. Инаку татко ѝ е Израелец, па затоа и таквото родено име.

rn

Лорди

rnЕла Марија Лани Јелич О’Конор е предолго за сценско име. Го избрала Лорди затоа што ѝ се чинело аристократски.

rn

Луис Сикеј

rnВистинското име на комичарот е Луис Сeкеј. Тоа е унгарско презиме кое решил да го смени во Сикеј (C.K.) заради проблемот кој луѓето често го имале во правилното изговарање.

rn

Вупи Голдберг

rnРаботела во театар под своето вистинско име Карин Илејн Џонсон. Колегите и пријателите забележале дека има проблем со подуеност и почнале на шега да ја викаат Вупи, според звукот што го испушта воздушното перниче. Голдберг го одбрала сама, а причината е тоа што сметала дека со еврејско име имала поголеми шанси за успех.

rn

Дрејк

rnОбри Дрејк Греам не е баш некое име за хип-хоп сцената, па иако порано го користел името Обри Греам, денес попрактично му е да биде само Дрејк.

Најново

Може ќе ве интересира