rn
Мајли Сајрус
rnКонтроверзната пејачка добила име кое звучи доста христијански – Судбина Надеж Сајрус (Дестини Хоуп Сајрус). Татко ѝ Били Реј ја викал Смајли додека била мала поради тоа што била весело и разиграно дете. Потоа од Смајли останало само Мајли, име кое од 2008 година ѝ стои и во личните документи.
rn
Џулиен Мур
rnНејзиното вистинско име е Џули Смит, меѓутоа со таквото име би било тешко да се издвои затоа што тоа е доста често во Америка. Името на мајка ѝ е Eн, а презимето на татко ѝ е Мур, па кога тоа ќе се додаде на Џули се добива Џулиен Мур.
rn
Џејми Фокс
rnСе вика Ерик Марлон Бишоп, но откако забележал дека жените добиваат предност како стенд-ап комичари, се бунтувал со избор на типично машко име. Фокс е и во чест на еден легендарен стенд-ап комичар.
rn
Ники Минаж
rnСе вика Оника Тања Мараж, а Ники е нагалено од Оника. Минаж е желба на нејзиниот продуцент и ништо повеќе. Таа вели дека си го мрази сценското име.
rn
Лудакрис
rnТој вели дека името ги симболизира двата дела од неговата личност – едниот смирен, а другиот луд и откачен. Инаку вистинското име му е Кристофер Брајан Бриџис.
rn
Мег Рајан
rnМаргарет Мери Емили Ен Хајра драстично го скратила името од практични причини во потрагата по актерска кариера.
rn
Бен Кингсли
rnСе вика Кришна Пандит Банџи, но стравот потеклото да му ги поткопа шансите за успешна кариера го натерал на промена на името.
rn
Опра Винфри
rnТаа не е Опра, туку Орпа. По грешка сите почнале да ја викаат Опра и затоа денес сите така ја знаат.
rn
Чарли Шин
rnВистинското име на Чарли Шин е Карлос Ирвин Естевез. Татко му Мартин Шин всушност се вика Рамон Антонио Џерард Естевез и има ирско-шпанско потекло. Кога се доселил во Америка решил да го американизира и своето име.
rn
Дакота Фенинг
rnХана Дакота Фенинг не го користи првото, туку средното име во својата актерска кариера.


