КАФЕ ПАУЗА

Филм: Смрт на човек од Балканот (Smrt coveka na Balkanu)

Филм: Смрт на човек од Балканот (Smrt coveka na Balkanu)

Written by

in

,

Црна српска комедија која ја става под лупа нашата „балканштина“rnrnФилм: Смрт на човек од Балканот (Smrt coveka na Balkanu)Режија: Мирослав МомчиловиќrnrnУлоги: Емир Хаџихафизбеговиќ, Радослав Миленковиќ, Наташа НинковиќrnrnВреметраење: 80 минутиrnrnЈазик: српскиrnrnПремиера: 16 ноември 2012rnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnНие, Балканците, сакаме да мислиме дека сме многу подобри од Европејците (особено оние западните). Топли сме и дружељубиви, си се наоѓаме еден на друг кога ни е најтешко, си ги знаеме по име комшиите во зграда… Згора на тоа, под ова сонце растат и најквалитетниот зеленчук и најубавото овошје. Но кога ќе го излупиш површинскиот слој на сите наши, балкански гордости, тие почнуваат да изгледаат  лажно и лицемерно. Со насмевка ќе го поздравиме соседот ама кога ќе се заврти, ќе го озборуваме. Ќе му се најдеме на пријателот, но после ќе му извадиме низ нос сѐ што сме сториле за него. И пиперките и јаболката веќе почнуваат да ни стануват чудни, непријатни и со вештачки вкус.Филм: Смрт на човек од Балканот (Smrt coveka na Balkanu)Неименуван композитор и самец (не сме го виделе со девојка – мора да е педер) одлучува да се самоубие. Пред да си го впери пиштолот во слепоочницата, тој ја вклучува камерата на компјутерот која почнува да снима сѐ (од моментот на самоубиството до…) Се слуша истрел и соседот Аца (Емир Хаџихафизбеговиќ) влетува во станот. Го наоѓа мртвото тело и му останува само да ја повика полицијата и брзата помош. Додека ги чека надлежните кои доцнат, луѓе постојано влегуваат и излегуваат од станот.Филм: Смрт на човек од Балканот (Smrt coveka na Balkanu)Главни протагонисти се Аца и неговиот пријател, Веско (Радослав Миленовиќ). Откако ќе ја испожалат смртта на комшијата со кого биле толку блиски (сепак не му го ни знаат името), почнуваат да играат шах, да „маваат“ по една ракија за душа и како што одминува времето сѐ повеќе се наметнува прашањето: „Зошто се овие луѓе тука?“ Нивните сопруги ги покриваат огледалата со крпи (зашто така останало од старите), а потоа одат на фризер оти може да дојде ТВ-екипа за да сними прилог за смртта на нивниот сосед. Тажачката почнува да се престорува во бурлеска преполна со комични балкански моменти кои секој од нас многу добро ги познава. Нели и ние Македонците сме Балканци.Филм: Смрт на човек од Балканот (Smrt coveka na Balkanu)Можеби единствената мана (а во исто време и предност) на овој филм е што е скроен за гледачи од ова поднебје. На странец голем дел од нештата во „Смрт на човек од Балканот“ би му биле нејасни, но ние многу добро си го познаваме балканскиот менталитет.rnrnДејството го следиме низ само една камера, онаа што самоубиецот ја вклучува пред да си го одземе животот. Пристапот е минималистички. Речиси како пред себе да гледаме театарска претстава или реално шоу. „Смрт на човек од Балканот“ е нискобуџетно остварување. Но употребата на една камера е целосно оправдано во рамки на приказната и ништо не се одзема од севкупното доживување. Сепак најголемата сила на овој филм се динамичните дијалози во кои доминира „балканштината“.Филм: Смрт на човек од Балканот (Smrt coveka na Balkanu)Иако „Смрт на човекот на Балканот“ е преполн со хумор, запаметете дека ќе биде потребно да се насмеете и самите на себеси. Прифаќањето на шега на сопствена сметка е знак за зрелост на еден народ, а претпоставуваме дека Македонците се подготвени за такво нешто.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.