rn
7. Заштита на подот
rnКога ќе го преместувате мебелот, ставете чорапи под ногалките, при што ќе го спречите гребењето на подот, но и подместувањето ќе ви оди полесно.rn
8. Маска за спиење
rnЧорапот има иста големина како и маската за спиење. Само додајте ластик на краевите, а внатре можете да ставите лаванда, камилица или друго растение кое ќе ве релаксира.rn
9. Четка за полирање чевли
rnСтарите чорапи се совршени за полирање чевли. Нанесете на него средство за полирање и лесно завршете ја својата работа.rn
10. Спречете го креветот да не крцка
rnДоколку ви крцка креветот, тогаш ставете чорап на критичното место и одморете се на раат.rn
11. За шиење на фармерките
rnДецата имаат обичај да ги кинат фармерките, особено на нивните колена. Но, не мора веднаш да ги фрлате. Земете некој стар чорап, исечете ја потребната големина и зашијте го на скинатото место. Овој трик можете да го применувате на која било облека.rn
12. Чистач на табла
rnЧорапите се добри за бришење на табла и можете да ги користите одново и одново!

