Секому му е познат феноменот на губење на едниот чорап, па честопати луѓето не знаат што да прават со оној кој им останал. Но, тој не е толку бескорисен колку што мислите. Постојат многу начини на кои можете да го искористите, а во продолжение погледнете некои од нив.rn
1. Мирис за обувки
rn
rnrnНаполнете го чорапот со сода бикарбона или кафе, па оставете го да стои во обувките кои имаат непријатен мирис. Наредното утро ќе бидете изненадени.rn
2. Ладна облога
rn
rnrnКога ќе ве касне некој инсект, важно е да го разладите отечениот дел на кожата. Бидејќи директното ставање лед на кожата не е здраво, а може да биде и многу болно, чорапот со лед совршено ќе ве заштити, а истовремено ќе ви користи како облога.rn
3. Чување на накитот
rn
rnrnОвој начин можете да го користите за складирање на накитот кога ќе заминете некаде на патување, но одличен е и да го користите дома. Со ова тој ќе биде и заштитен и организиран.rn
4. Заштита од топлиот метален дел на појасот во автомобилот
rn
rnrnВо летните денови, металниот дел од појасот во автомобилот може да стане премногу топол, при што лесно е да се изгорите. Ставете чорап преку тој дел и ќе бидете заштитени.rn
5. Изолација на пијалаците
rn
rnrnБез разлика дали е топол или студен, пијалакот долго ќе ја одржува својата температура!rn
6. Пакување подароци
rn
rnrnНаредниот пат кога ќе сакате да однесете вино како подарок, замотајте го во некој интересен чорап кој ќе ја направи атмосферата поинтересна.rnrnПогледнете уште 6 корисни алтернативни употреби на чорапите на наредната страница…rn
