Веројатно никогаш не сте си претпоставиле дека кучиња, мачки и патки можат да живеат под еден покрив, како едно семејство. Но, не само што можат да живеат заедно, туку тие се и неверојатно сложно, забавно и инспиративно семејство.rnrn
rnrnЗапознајте ги Рокси, Едит, Миа, Роуз, Џејк, Гертруда и Доналд – најслаткото семејство од седум животни. Тие биле вдомени од Кејси Богс и нејзиниот сопруг, кои со години се грижат за бездомни животни, овозможувајќи им топол дом и многу повеќе од тоа. Нивното сегашно семејство се состои од четири кучиња, мачка и две патки. Каков спој, нели?rnrn
rnrnБрачниот пар преку неверојатно интересни и добро осмислени фотографии го прикажува животот на семејството. Тие претставуваат вистинска инспирација за сите љубители на животни, па дури и за оние кои никогаш досега немале домашно милениче.rnrn
rn
„Секогаш кога треба да фотографирам едно или две од нив, останатите ги носам во друга просторија затоа што сите се местат пред фотоапаратот. Тоа е така бидејќи се навикнати постојано да бидат еден до друг“, вели Богс.
rnНо, семејството за некој месец ќе стане побогат за уште еден член. Кејси и нејзиниот сопруг го чекаат своето прво дете. Погледнете ги следниве фотографии кои ќе ви покажат дека различностите совршено си одговараат.rnrn












