КАФЕ ПАУЗА

Фудбал за понежниот пол: Тренер и капитен #2

Фудбал за понежниот пол: Тренер и капитен

Го пропуштивте првиот дел? – „Фудбал за понежниот пол: Неколку почетни факти #1“rn

rnТренер

rn

Можеби најважната алка во тимот претставува мозокот зад целата поставеност на играчите и креаторот на играта, тренерот. За некого е чудно тоа што тимовите кои претендираат да освојуваат титули, фрлаат милиони евра за да донесат на својата клупа некој истакнат и искусен тренер, но без него играчите би трчале по теренот како муви без глави.

rnrnrn

Фудбал за понежниот пол-Тренер и капитен
Алекс Фергусон – Тренер на Манчестер Јунајтед веќе 26 години
rnrnДобриот и успешен тренер се одликува со интелигентност и мудрост и секогаш е спремен за надигрување и надмудрување на теренот и надвор од него (медиумски војни за создавање психички притисок). Тактичката замисла од неговата глава се пренесува на тренинзите и со нејзино правилно и успешно спроведување, тимот ја зајакнува својата игра и гради менталитет на победник. Не само со градењето на играта на својот тим туку и со добра анализа и со предвидување на тактиката на противникот, тренерот создава машинерија на која шансите за неуспех и се многу мали. rnrn
Фудбал за понежниот пол-Тренер и капитен
Жозе Мурињо – Тренер на Реал Мадрид
rnrnМоментално актуелни најуспешни тренери: Жозе Мурињо (Реал Мадрид), Пеп Гвардиола (Барселона), Сер Алекс Фергусон (Манчестер Јунајтед), Фабио Капело (селектор на Англија), Рафа Бенитез (Интер) Арсен Венгер (Арсенал) Карло Анчелоти (Челзи)rn

rnКапитен

rnКапитен е играч кој е одбран од тренерот за да биде морален двигател на теренот. Неговата задача е секогаш да ги бодри и поттикнува своите соиграчи да даваат максимум од себе и да ја оставаат душата на игралиштето. Многу често се случува тој да е најискусниот поединец во тимот или пак некој од моменталните најдобри играчи во тимот. Него ќе го препознаете по тоа што носи лента на ракавот на едната рака.rnrn

Фудбал за понежниот пол-Тренер и капитен
Стивен Жерард – Играч на Ливерпул