Секојдневното читање може да направи чуда кога станува збор за меморијата, здравјето, па дури и односот кон останатите.rnrnНајдоброто нешто што може да го направите за вашиот мозок денес бара малку пари, простор и време – само земете добра книга. Експертите велат дека читањето е еден од докажаните методи за подобрување на разни функции на мозокот, од меморијата до квалитетот на спиење. Кога редовно читате, го подобрувате работењето на мозокот исто како за време на вежбање или со секојдневна здрава исхрана. Ова се некои поволности кои ги нуди секојдневното читање.rnrn
rn
Може да го зголемите коефициентот на интелигенција
rnИстражувањата покажуваат дека децата кои читаат редовно може да станат интелигентни возрасни. Едно истражување кое траело цела деценија, спроведено од британското Здружение за истражување на развојот кај децата, го анализирало когнитивниот развој на речиси 2.000 пара идентични близнаци. Резултатите покажуваат дека близнаците со подобри способности за читање во раното детство имале подобри резултати на тестовите за интелигенција како тинејџери отколку нивните браќа или сестри кои читале помалку.rn
Може да го намалите стресот
rnДоколку сте под стрес, читањето книга може да биде најдобриот лек. 30-минутното читање релаксира исто како и 30-минутно вежбање јога, тврди едно истражување од 2009-та година. Британски истражувачи на Универзитетот во Сасекс откриле дека читањето во период од само шест минути дневно го намалувало нивото на стрес кај учесниците за 68%. Пешачењето, пиењето чај или кафе и слушањето музика биле помалку ефективни.rn
Може да го збогатите речникот
rnДали љубовта кон читањето води кон богат речник или обратно? Во 1990-те, истражувачот Кит Станович и неговите колеги го тестирале ова прашање. Тие ја мереле способноста за читање на група учесници и откриле дека луѓето кои читаат редовно просечно имале околу 50% побогат речник и 50% поголемо знаење засновано на факти во споредба со учесниците кои не читаат.rn
Може да си го продолжите животот
rnИстражувачи од универзитетот Јејл следеле илјадници возрасни на возраст над 50 години во период од 12 години и откриле дека учесниците кои читаат книга 30 минути дневно живееле речиси две години подолго отколку оние кои читале списанија или весници. Заклучокот? „Меѓу поволностите од книгите е и подолгиот живот за нивно читање“, напишале истражувачите.rn
Може да ја развиете емоционалната интелигенција
rnОсвен што го подобрува коефициентот на интелигенција, читањето може и да ја подобри и емоционалната интелигенција. Едно истражување спроведено на Харвард открило дека волонтерите кои читаат фикција подобро ги препознаваат емоциите кај останатите отколку оние кои читаат стручна литература или не читаат ништо.rn
Читањето е вежбање за мозокот
rnЗаборавете ги крстозборите. Едно истражување од 2013-та, објавено во списанието „Брејн конективити“ покажува дека студентите кои читале фикција имале зголемена активност во делот на мозокот поврзан со јазикот и меморијата до пет дена подолго од оние кои не читале. Исто како што создавате мускулна меморија кога трчате, секојдневното читање може да го тренира вашиот мозок за да ги активирате и подобрите вашите когнитивни функции, тврдат истражувачите.rn
Може да се зближите со вашите деца
rnНе е тајна дека читањето на децата може да влијае на нивната писменост, интелигенција, па дури и идно вработување. Но, верувале или не, видот на книгите кои ги читате со нив, исто така прави разлика. Според едно истражување од 2019 објавено во списанието „Педијатрикс“, родителите кои им читале на децата од печатени книги наместо од таблети или електронски читачи имале подобар невербален однос и биле поблиски со нивните деца.rn
Може да го намалите ризикот од деменција
rnБогатиот речник може да го чува вашиот мозок во староста, тврди еден тим на Универзитетот во Сантигајо де Компостела во Шпанија. Според тестирање спроведено на над 300 учесници на возраст над 50 години, луѓето со побогат речник имаат три до четири пати помал ризик за когнитивно нарушување отколку оние со послаб речник.rnrnСакате да читате повеќе, но мислите дека немате доволно време? Запознајте се со овие 2 едноставни техники што ќе ви помогнат да читате и до 200 книги годишно.