Изгледа дека секој ден се појавува по некоја контроверзија на Твитер. Овој пат станува збор за фотографија од две деца која навистина го разгневи Интернетот. Проблемот со фотографијата е облеката на децата.rnrn
rnrnДевојчето носи розова униформа на кој пишува „Медицинска сестра во тренинг“, а момчето носи зелена униформа со натпис „Доктор во тренинг“. На објавата веќе има над 2.000 коментари и е споделена над 4.500 пати, но според коментарите, навреди многу повеќе луѓе наместо да ги насмее.rnrnМногу мажи медицински сестри и жени доктори, како и други медицински професионалци, истакнале дека овие професии не гледаат пол. Една личност дури и ја обработила фотографијата менувајќи го натписот на децата во „Медицински професионалци“. rnrnПрочитајте ги во продолжение реакциите на луѓето…rn
„Зошто не е и таа доктор? Или зошто момчето не е медицинска сестра?“
rn
„Како го објавивте овој твит од 1950-та година“
rn
„Брат ми е медицинска сестра и фантастичен е во својата работа.“
rn
„Исто! И брат ми е медицински ‘брат’ и тој е најдобриот! П.С. Докторите во нашето семејство се жени.“
rn
„Ова е сексизам. Им ставате покрив на соништата на ова мало девојче. Ѝ велите: ‘Ти можеш да бидеш медицинска сестра, а момчињата можат да бидат доктори. Стој на своето место.’ Да се надеваме и дека не сте ја присилиле да носи розово само бидејќи е млада дама.“
rn
„Децата се слатки. Сексизмот на нивниот грб НЕ.“
rn
„Имам чувство дека ова нема да заврши добро.“
rnДруги пак, се спротивставуваат на гневот на луѓето и сметаат дека целата ситуација ја прават поголема отколку што навистина е.rn
„Смешно ми е бидејќи децата на фотографијата се веројатно позрели од возрасните кои се жалат за неа.“
rn
„Дали некој ги прашал децата? Можеби нејзиниот сон е да биде медицинска сестра, а неговиот да биде доктор и затоа се облечени така. Луѓето треба да престанат да брзаат со заклучоци и да гледаат само она што го сакаат!“
rn
„Само затоа што мажите можат да бидат медицински сестри и жените можат да бидат лекари не значи дека секоја фотографија треба да го прикажува тоа, бидејќи погодете што – може да биде добар и традиционалниот начин.“
rn
„Што ако нејзиниот ТАТКО е медицинска сестра и таа сака да биде како него?“
rn
„Престанете да се навредувате од сè! Фотографијата е преслатка!“
rnШто мислите вие? Дали навистина станува збор за сексизам, или само за слатка фотографија од две деца?rnrnПогледнете ги и најпознатите стереотипи за мажите наспроти жените прикажани низ илустрации.