Стереотипите за мажите и жените постоеле отсекогаш, но со оглед на времето во кое живееме би очекувале дека нешто требало досега да се промени. Сепак, тешко дека е направен некој голем прогрес во однос на улогите на половите.rnrn
rnrnНовиот проект на Јанг Лиу, насловен „Man Meets Woman“ вклучува едноставни зелено-розови илустрации кои ги потенцираат разликите помеѓу мажите и жените и нивните улоги во модерното време. Лиу ги илустрира комплексните културни разлики во стереотипизирањето на половите, од оние во работната средина, семејството, па сè до спалната соба. Резултатот се јасни прикази на разликите со кои секојдневно се соочуваме, но за кои ретко суштински размислуваме.rn
„Жените денес напорно се обидуваат да се борат против овие стереотипи, што е многу важно во процесот на доаѓање до рамноправност на половите. Има уште многу нешта кои треба да се направат. Но, од друга страна, во овој процес стануваме повеќе свесни за фактот дека мажите и жените едноставно се различни во многу аспекти.“
rnНекои од илустрациите се едноставни и ги илустрираат разликите во секојдневните животни искуства на мажите и жените кои упатуваат на јазот помеѓу половите. Други пак, имаат „дрзок“ пристап компарирајќи ги непријатните реалности, како на пример онаа дека жените се прикажуваат исто во списанијата за жени и во списанијата за мажи. Наспроти ова, современиот маж кој помага со домашните обврски е модерен маж, додека кога истите работи ги прави жената, таа се нарекува домаќинка. Исто така, во однос на бројот на сексуалните партнери, мажите имаат потреба да ја зголемат бројката кога ќе бидат прашани за тоа, додека жените мислат дека треба да кажат помала бројка од вистинската. Зошто е ова вака?rnrnЛиу препорачува сите да им пристапуваме на половите стереотипи со малку повеќе хумор и во нашите секојдневни интеракции да гледаме и да размислуваме за нештата од гледна точка на спротивниот пол.rnrn












