Секоја девојка која некогаш била навредувана и омаловажувана од страна на некое злобно момче на училиште, посакува животот да ѝ даде шанса да помине покрај него полна со самодоверба и да му го заврти паметот. Таква шанса добила Луиза Менинг, која на 12-годишна возраст била секојдневно навредувана на училиште а децата ја исмевале велејќи ѝ дека е дебела и влакнеста.rnrn
rnrnПоради тоа Луиза се борела со нарушување во исхраната за време на тинејџерските години. Сега е самоуверена 22-годишна девојка и студира на Оксфорд. На една забава наидела на еден од злобните момци кој, не знаејќи дека порано ја познавал и ја навредувал, ја поканил да излезат. Решила да не се појави на состанокот, но наместо тоа дечкото да го добие ова писмо придружено со нејзина слика од времето кога имала 12 години.rnrn
rnrnЕве што пишувало во писмото:rnrn
„Еј (името е скриено),rnrnЖал ми е што не можев да ти се придружам вечерва. Памтиш во осмо кога бев дебела а ти ме исмеваше поради мојата тежина? Не? Јас памтам – ги минав наредните три години јадејќи помалку од јаболко на ден. Така, решив да ја прескокнам оваа вечера.rnrnЈа паметиш споената веѓа која ја исмеваше? Влакнестите нозе од кои ти се гадеше? Паметиш како цели три години ти и твоите пријатели секој ден ме нарекувавте влакнеста ѕверка? Не, веројатно не паметиш, или немаше да видиш како изгледам по 8 години за да ми обрнеш доволно внимание и да ме третираш како човечко суштество. Помислив да ти го испратам ова како потсетник. Нареден пат кога ќе помислиш на мене, замисли ја девојката на оваа слика, бидејќи таа е онаа која само што те откачи.rnrnЛуиза.“
rn
rnrnЛуиза ја објави оваа фотографија на Фејсбук, и на големо изненадување доби форма на извинување од момчето.rnrn
„Еј… само колку да се знае, намерата ми беше да запознаам луѓе, да склопам пријателства, а не дека изгледаш многу добро. Но, претпоставувам дека си го барав ова и не те обвинувам за тоа што ме извиси.rnrnНе можам да го променам тоа каков сум бил пред 8 години, и нема да те навредам преправајќи се дека тоа не се случило, но се надевам дека ми веруваш дека сега сум сосема поинаков. Можам само да ти се извинам и да ти посакам сè најдобро. Претпоставувам дека нема да останеме во контакт, но искрено ти посакувам да го доживееш секој успех што го заслужуваш.“
rnПа, изгледа секој може да се промени на подобро, дури и незрелите момци.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.