Неодамна кралицата Елизабета II го прослави својот 92-ри роденден, а штотуку повторно стана прабаба, дочекувајќи го раѓањето на третото дете на принцот Вилијам и војвотката Кејт. Таа е монарх кој најдолго владее од британскиот кралски трон, цели 65 години, а во текот на нејзиното владеење во Велика Британија се смениле 21 премиер. Нејзиниот живот, од самото раѓање, е почеток на нова ера во модерната историја.rnrnОвие фотографии од нејзиниот живот покажуваат како таа ги поминала сите овие децении на креирање на модерната историја која денеска ни е добро позната.rn
Нејзиното детство
rnРодена е во 1926 година, прво дете на војводата и војвотката од Јорк. Во 1936 нејзиниот татко станал крал, откако нејзиниот чичко кралот Едвард VIII се повлекол од тронот за да се ожени со два пати разведената Волис Симпсон. На овој начин, малата Елизабета дојде најблиску што може до кралскиот трон.rnrn
rnrnПоради преземањето на тронот од страна на нејзиниот татко, принцезата Елизабета, заедно со нејзината мајка, биле вклучени во многу општествени настани.rnrn
rn
Светските војни и создавање на семејството
rnСо самиот почеток на Втората светска војна, таа ја имала првата радио емисија, заедно со сестра ѝ Маргарет, преку која се обиделе да ги смират, а во исто време и да ги охрабрат храбрите Британци.rnrn
rnrnНа своја 18-годишна возраст таа станала дел од женските воени сили. Во Лондон била обучена за механичар и возач на воени возила.rnrn
rnrnНа крајот на војната, тогаш уште принцеза, Елизабета добила херојско одликување од тогашниот премиер Винстон Черчил.rnrn
rnrnДве години подоцна, се венчава со поручникот Филип Монтбатен. Граѓаните кои сакале да ги посакаат своите најдобри желби чекале во редици по улиците за да стигнат до прославата.rnrn
rnrnВо 1948 година е родено нивното прво дете принцот Чарлс.rnrn
rnrnДве години потоа е родена принцезата Ен, која е единствена ќерка на кралицата Елизабета II. По неа следуваат принцот Ендрју, во 1960 година и принцот Едвард, во 1964 година.rnrn
rn
Преминот од принцеза во кралица
rnВо 1951 година, здравјето на нејзиниот татко, кралот Џорџ VI, сериозно се влошило, па принцезата Елизабета презела голем дел од кралските задачи.rnrn
rnrnЕдна година подоцна, татко ѝ умира, со што таа станува наследник на тронот. Одлучува да биде крунисана со своето и името на мајка си и станува кралица Елизабета II.rnrn
rnrnТаа со семејството и уште две кучиња од расата корги се вселуваат во Бакингемската палата. И до денес кралицата е љубител на оваа раса, а неодамна почина последното од корги кучињата кои таа ги чуваше, поради што била многу тажна и вознемирена.rnrn
rn
Деколонизација и времето на Џон Кенеди
rnКралицата Елизабета II само два пати се нема појавено на Државното отворање на британскиот парламент, еднаш во 1959, кога била бремена со принцот Ендрју и вториот пат во 1963, кога го очекувала принцот Едвард.rnrn
rnrnСепак, малиот Ендрју во 1961 година го прославил својот прв роденден без родителите, кои биле на службено патување во Индија, Пакистан, Непал и Иран. За време на ова патување оствариле официјална средба со претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди и неговата сопруга Џеки.rnrn
rnrnПо атентатот врз Кенеди, во полињата каде што Магна Карта е најблиску до реката Темза, кралицата Елизабета II постави споменик во негово сеќавање, во присуство на Џеки и децата.rnrn
rnrnИстата година починал и сер Винстон Черчил, а поворката ја предводела самата кралица, веднаш зад сер Џејмс Милер, кој го носел мечот на жалоста.rnrn
rnrnВо текот на 60-тите и самиот почеток на 70-тите, започнала деколонизација на деловите од Африка и Карибите, со што 20 држави стекнале независност. По осамостојувањето на Гана во 1957, во 1961 се случи еден од најпознатите моменти во историјата, нејзиното приклучување во Комонвелтот. Тогашниот претседател на Гана, Кваме Нкрума, со танц со кралицата ја прославил трансформацијата на државата во република.rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rn
