8 фрази кои ќе ви помогнат да се справите со неучтивите луѓе

Сподели

Ако некоја врска била одлична на почетокот, не мора да значи дека ќе остане така, без разлика дали станува збор за семејство, партнер или пријател. Можно е еднаш навистина да сте се грижеле за некоја личност, но по некое време да не сакате ни да ја видите.

Реклама

На пример, прашањата како „Зошто уште не најде работа?“ или „Како успеа да се здебелиш?“ може да ве направат гневни. Кога некој ќе ве навреди, го имате секое право да се одбраните, но не заборавајте дека секогаш можете учтиво да реагирате на ваквите забелешки. Сепак понекогаш е навистина тешко да го пронајдете вистинскиот учтив збор во вакви ситуации. Овие фрази ќе ви помогнат во тоа.rn

1. „Ти благодарам“

rnЕдноставното заблагодарување покажува дека сте зрела личност. Кога на навредата ќе вратите со благодарност, вие покажувате дека не ја игнорирате личноста, но и дека навредата нема никакво влијание на вас. Ова ќе го натера вашиот соговорник да замолчи бидејќи неговата цел не го постигнала посакуваниот ефект.rn

2 Завршете го разговорот

rnАко не можете да реагирате учтиво на зборовите кој ви се упатени, најдобро е да ставите крај на разговорот. Со ова ситуацијата нема да се влоши и нема да ризикувате трајно да ја оштетите врската.rn

3. „Речиси ми ги повреди чувствата“

rnИако во оваа фраза има и доза сарказам, таа е навистина ефективна кога станува збор за справување со неучтиви луѓе. Вие ја избегнувате негативноста додека истовремено ѝ покажувате на личноста дека навредите немаат никакво влијание на вас.rn

4. „Да, во право си“

rnИако е можеби најтешка за кажување, сепак оваа фраза ќе му стави крај на разговорот. Вашиот соговорник ќе престане со зборување бидејќи не успеал да ве провоцира.rn

5. „Секогаш мораш да бидеш негативен/на, нели?“

rnСо ова го пренасочувате вниманието од вас кон вашиот соговорник. Оваа фраза ќе го натера соговорникот да размисли за неговите постапки и зборови. Исто така голема е веројатноста тој или таа да не се однесува неучтиво во иднина.rn

6. Насмејте се

rnСмеата е нешто што вашиот соговорник нема да го очекува како реакција на неучтив коментар. Не само што ќе ја смирите ситуацијата, туку и соговорникот ќе се чувствува малку засрамено.rn

7. „Се сакам себеси и те сакам тебе“

rnОваа фраза користете ја со семејството и пријателите. Луѓето не се подготвени на искажување емоции во вакви ситуации, па ова навистина ќе ги збуни. Покрај ова, ќе ги смирите со вашата топлина и тие нема да продолжат со напаѓање.rn

8. „Го ценам твоето мислење“

rnОваа фраза покажува дека не сте подготвени да се спуштите на нивото на соговорникот. Кога на неучтивоста се одговара со неучтивост резултатот најчесто е огорченост и уште повеќе расправии. Ако ја кажете оваа фраза, ќе можете да продолжите со разговорот и мирно да кажете дека не се согласувате со перспективата на соговорникот.

Како ќе реагирате во вакви ситуации секогаш зависи од вас. Па, зошто да се впуштате во негативност кога секогаш можете да најдете начин да ја подобрите ситуацијата.

Погледнете и кои навики се неучтиви, иако не изгледаат така.

Популарно

Може ќе ве интересира