„Во животот многу работи можеме да научиме од големите и успешните, но не треба да заборавиме дека честопати највредната животна лекција ја учиме од ‘обичните’ луѓе, а понекогаш дури и од мравките“, вели американскиот претприемач и мотивациски гуру Џим Рон.
rnСледејќи го нивното однесување, тој ја напишал книгата „Филозофија на мравките“, во која открива 4 големи лекции од нивните животи кои може многу да му користат на луѓето, но и да го подобрат квалитетот на нивниот живот.rnrn
rn
Лекција бр. 1
rnПрвата лекција гласи: „Мравките никогаш не се откажуваат“. Ставете го прстот на патот на мравката и таа ќе побара начин да ја премине препреката, така што ќе го премине прстот или едноставно ќе го заобиколи. Без разлика колку пати ќе го ставите прстот пред неа, таа нема да се откаже.rn
„Тоа нѐ учи дека секогаш треба да бараме алтернативни правци на патот до нашите цели“, вели Рон.
rn
Лекција бр. 2
rnВтората лекција најверојатно ви е позната од приказната за штурецот и мравката. Мравките цело лето мислат на зимата, па таа не може да ги изненади. Додека штурецот пее и се забавува, мравката на лето внимателно собира храна, бидејќи знае дека летото нема да трае засекогаш. Кога ви оди добро, немојте да бидете премногу самоуверени и арогантни, имајте на ум дека може да дојде и лош период. И бидете добри кон луѓето, бидејќи добрите времиња на траат засекогаш, но добрите луѓе секогаш може да ви бидат поддршка.rn
Лекција бр. 3
rnТретата лекција е дека во зимата треба да мислите на летото. И додека трае големиот студ, мравките знаат дека тоа нема да трае вечно и уште со првите сончеви зраци се подготвени за работа и игра. Кога се чувствуваме лошо и кога едвај се носиме со она што изгледа како целосен хаос, важно е да ја задржиме верата дека сѐ се менува и дека ќе дојдат подобри времиња.rn
Лекција бр. 4
rnА последната, но не и помалку важна лекција од мравките гласи: „Дајте го најдоброто од себе, секогаш кога ќе имате можност за тоа!“