Што ќе им раскажеме на луѓето кога ќе нè прашаат каква беше 2020 година? Какви траги остави оваа пандемија?rnrn
rnrnКога ќе нè прашаат за овој период, ќе им кажеме дека нашите шпорети секогаш беа валкани затоа што постојано готвевме нови рецепти.rnrnЌе им раскажеме за потеклото на вирусот, за предупредувањата, за надреалноста, за тагата.rnrnЌе им кажеме како се чувствувавме кога конечно сфативме дека ова е нешто повеќе од претпазливост. Ќе им кажеме како се чувствувавме кога конечно сфативме дека животот ќе се промени засекогаш.rnrnЌе им кажеме дека цели градови го бодреа медицинскиот персонал секоја вечер.rnrnЌе им кажеме дека не можевме да ги прегрнеме нашите најблиски.rnrnЌе им раскажеме за осаменоста.rnrnЌе им кажеме за глувата тишина што ни го промени животот.rnrnЌе им кажеме дека сите носевме маски.rnrnЌе им кажеме дека беше премногу тешко да ги следиме сите вести.rnrnЌе им кажеме дека сите продавници се затворија одеднаш.rnrnЌе им кажеме дека повеќе луѓе ги загубија своите работни места за една недела отколку во последните неколку децении.rnrnЌе им кажеме за празните полици во маркетите.rnrnЌе им кажеме за откажаните свадби и за виртуелните забави.rnrnЌе им кажеме дека сите работевме од дома или се трудевме да работиме од дома кога сè беше премногу неизвесно за да можеме да размислуваме јасно.rnrnЌе им кажеме дека брзо научивме да ги цениме некои професии и никогаш веќе не ја гледавме нивната работа на ист начин.rnrnЌе им кажеме дека децата на медицинскиот персонал беа кај своите роднини затоа што нивните родители немаа доволно маски.rnrnЌе им кажеме дека многу луѓе го загубија животот.rnrnЌе им кажеме дека на почетокот никој не веруваше дека ќе дојде до ова. Ќе им кажеме како сфативме дека не сме во право.rnrnЌе им кажеме дека вирусот може да се шири застрашувачки брзо. Ќе им кажеме дека светот каков што го знаат сега не беше таков отсекогаш. Ќе им кажеме дека имаше времиња кога луѓето не знаеја дека треба да ги мијат рацете 20 секунди и дезинфицирањето не беше вообичаена практика. Имаше времиња кога никој немаше слушнато за Вухан.rnrnЌе им кажеме дека тоа што е вообичаено сега, тогаш беше инвентивно.rnrnЌе им кажеме дека беше толку реално колку што сè друго би можело да биде.rnrnНо, ќе им кажеме и за закрепнувањето.rnrnПрочитајте што нè научи коронавирусот – не е време за опстанок, време е да почнеме да го живееме животот.
Што ќе раскажуваме кога ќе нè прашаат каква беше 2020 година?
