Еве што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме

Сподели

Комуникацијата во денешниот свет може да биде навистина збунувачка. Имаме можност да користиме зборови – да бидеме учтиви и елегантни или да се послужиме со некои неверојатни емотикони преку кои ќе ги искажеме нашите чувства.

Реклама

Дали постои подобар начин да му кажете некому дека сте возбудени без да ги искористите епските емотикони? Не. Но, со толку многу опции и толку случајни емотикони, што всушност кажуваме со нив? Уште поважно, дали ги користиме вистинските за да ги опишеме нашите чувства? За да се погрижите дека правилно се изразувате, прочитајте што навистина значат најпопуларните емотикони, како и некои од оние кои се чудите од каде се појавиле.rn

1. „Лице со солзи радосници“

rnОвој емотикон, често се користи за да опишат солзи радосници или екстремно смеење. Интересно за него е тоа што во 2015 бил толку популарен што Оксфордскиот речник го прогласил за збор на годината, иако всушност е пиктограф.rn

2. „Насмеано лице со насмеани очи“

rnПостојат многу различни насмеани емотикони, но овој е малку поразличен од другите. Станува збор за лице кое има румени образи, затворена уста и искажува чувство на вистинска среќа.rn

3. „Уморно лице“

rnОвој емотикон може да се користи кога едноставно не можете да издржите повеќе. Всушност со него вие кажувате дека сте се откажале од тоа што моментално го правите и дека време е да си одите дома.rn

4. „Засрамено и навредено лице“

rnОвој емотикон е одличен за оние моменти кога се чувствувате толку лошо што повеќе не можете да ги задржите чувствата во себе. Вие само што не сте заплакале и едноставно потребно ви е да заминете на вашето среќно место.rn

5. „Лице со широка насмевка и насмеани очи“

rnДа не биде помешано со неговиот чуден роднина „Лице со гримаси“, овој емотикон има забележително различни очи. Тие се наречени „насмеани очи“ и кажуваат дека сте многу среќни и задоволни.rn

6. „Лице без уста“

rnАко го користите овој емотикон, нешто дефинитивно не е во ред. Најмногу поради неговото значење кое најдобро би се опишало преку изјавата: „Замислете ги нештата што ќе ги кажеше ако имаше уста.“ Зачувајте го ова за исклучителни ситуации.rn

7. „Лице кое бакнува со затворени очи“

rnГи забележувате румените образи? Тоа значи дека со овој емотикон се покажува интимност и љубов.rn

8. „Насмеано лице со очила за сонце“

rnВие сте премногу кул и сите треба да го знаат тоа.rn

9. „Лице за информации“

rnОвој емотикон има малку поинакво значење од значењето на кое укажува името. Па затоа и најдобро може да се искористи кога сте саркастични или кога сакате да откачите некого.rn

10. „Јапонски гоблин“

rnОвој емотикон е дел од оваа листа само поради тоа што навистина ретко кој знае што навистина значи.

Според јапонското будистичко вајарство, овие се планински и шумски гоблини, кои имаат шинто и будистички значења. Нивните натприродни моќи вклучуваат промена на формата во човечка или животинска, способност да зборуваат со луѓето без да мрдаат со усните, магични можности да се пренесуваат од место во место без да ги мрдаат крилата, како и магично да се појавуваат непоканети во човечките соништа.

Продолжете на следната страна за значењето на останатите 10 емотикони…rn

Најново

Може ќе ве интересира