Астронаутот Рој Мекбрајд тргнува во мисија низ Сончевиот систем за да ја открие вистината за неговиот исчезнат татко и неговата мисија што му се заканува на универзумот
rn
Режија: Џејмс ГрејrnrnУлоги: Бред Пит, Томи Ли Џоунс, Рут НегаrnrnВреметраење: 123 минутиrnrnПремиера: 20 септември 2019rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: драма, авантура, мистеријаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=SYLQdxec5lMrnrnАд Астра во превод од латински значи до ѕвездите, и токму тоа е главната тема на овој филм. Станува збор за вселенска драма која ќе ве одведе од Земјата, до месечината, па до Марс и на крај сè до Нептун, потсетувајќи ве на една од најголемите животни лекции. Моќната порака што ја пренесува овој филм со Бред Пит во главната улога, ќе ве замисли и ќе ве натера да се запрашате што можете да смените во вашиот живот за да се доближите до она што навистина ви треба и што го сакате. Она што вам ви е најважно. Исто така ќе ви покаже и дека понекогаш тоа што очајно го бараме во далечината, а не можеме да го пронајдеме, всушност отсекогаш било до нас.rnrn
rnrnИако станува збор за вселенска драма, со елементи на авантура и мистерија, сепак треба да ве предупредиме дека станува збор за многу, многу бавен (на моменти и досаден ако очекувате акција) филм. Друго нешто што е важно да го знаете пред да решите да го гледате е дека приказната е фокусирана на односот помеѓу Рој (Брад Пит) и неговиот исчезнат татко, Х. Клифорд (Томи Ли Џоунс). Иако можеби вниманието ќе ви биде одвлечено од многуте настани што се случуваат околу Рој (психолошките проверки, војните на месечината, експериментите со животни во вселената…), нема да добиете одговор на ниту едно прашање за нив и ќе остане на вашата фантазија за да ги пополните дупките.rnrn
rnrnИмајќи го тоа на ум, целото патување на Рој, кое е истовремено и физичко и психолошко, е објаснето толку детално, што и вие ќе се почувствувате како да минувате низ истото. Тој трагајќи по татко си, всушност е во потрага по себе. Рој цел живот се борел со чувството дека не припаѓа на планетата, дека не треба да биде меѓу други луѓе и дека неговото место е меѓу ѕвездите, исто како татко му. Тој дури и ќе ја загуби љубовта на животот поради тоа. Но, како што ќе се доближува до Нептун, и како што ќе открива повеќе за кој навистина бил татко му, така тој и конечно ќе сфати кој е, но и што ќе изгуби ако конечно не се приземји.
