Постојат голем број истражувања кои потврдуваат дека времето минато во природа добро му влијае на нашето здравје. Зеленилото и свежиот воздух ја подобруваат нашата ментална и физичка состојба. Но, една неодамна спроведена студија објавена во „Environmental Psychology“ укажува на тоа дека луѓето кои едноставно гледаат во фотографија на која има убав пејзаж од природата, за само 40 секунди го подобруваат својот фокус и се ослободуваат од стресот. Кратката пауза, во која ќе гледате во зеленило од природата може да ви го одржи вниманието и да ви го разбистри умот.rnrn
Едноставен трик: За само 40 секунди ослободете се од стресот















