Секој којшто се обидува да ослабе бара разни додатоци во исхраната што можат да му помогнат. Јаболковиот оцет навистина се прослави на тој план. Причината е тоа што е лесно да се најде и е евтин. Се верува дека консумирањето малку јаболков оцет наутро му помага на телото подобро да се справи со шеќерот во крвта и прави подолго време да се чувствувате сити.
rn
Што претставува јаболковиот оцет?
rnЈаболковиот оцет се прави од ферментиран јаболков сок. Сокот ферментира во алкохол, а бактериите го консумираат алкохолот и го претвораат во оцетна киселина. Кога се дигестира, оцетната киселина се разложува на водород и ацетат. Јаболковиот оцет се продава дестилиран и нефилтриран и во него остануваат природните бактерии. Наводно, овие бактерии помагаат во слабеењето.rn
Зошто да консумирате јаболков оцет?
rnФерментираната храна, како јаболковиот оцет, е добра бидејќи го поттикнува размножувањето на добрите бактерии во стомакот. Здравите бактерии во стомакот се поврзани со помала телесна тежина и со подобро здравје. Според некои истражувања направени на животни, оцетната киселина има многу здравствени придобивки. Сепак, бројот на овие истражувања е мал и потребни се уште за да се откријат сите придобивки од јаболковиот оцет.rn
Јаболковиот оцет и дебелината
rnЕдно истражување спроведено во Јапонија во 2009-та година открило дека оцетната киселина помага во слабеењето. Испитаниците биле поделени во три групи – првата група консумирала 1 лажица јаболков оцет, втората 2, а третата била плацебо група и не консумирала јаболков оцет. На испитаниците им се наредило да се откажат од алкохолот, но воглавно да продолжат со животот како дотогаш.
По 12 недели, испитаниците кои консумирале оцет успеале да изгубат по некој килограм. Исто така, тие имале пониско ниво на триглицериди. Ацетатот, состојката што се наоѓа во телото кога се разложува оцетната киселина, најверојатно има позитивен ефект на контролата врз апетитот.rn
Јаболковиот оцет и шеќерот во крвта
rnДруго истражување покажало дека оцетната киселина во оцетот им помогнала на пациентите со дијабетес тип 2 да го подобрат нивото на инсулин и шеќер во крвта. Истражувањето направено на стаорци открило дека оцетната киселина го намалува нивото на шеќер со тоа што го симулира црниот дроб да го отстранува шеќерот во крвта.rn
Јаболковиот оцет и чувството на ситост
rnЕдно истражување во кое испитаниците биле луѓе открило дека јаболковиот оцет го намалува шеќерот во крвта по оброк полн со јаглехидрати. Истото истражување покажало дека нивните стомаци побавно се празнеле, што значи дека подолго време биле сити.rn
Кои се несаканите ефекти?
rnКога консумирате јаболков оцет, најдобро е да го растворите во вода. Немојте да го консумирате пред вежбање бидејќи може да ви предизвика киселини. Поради киселоста, јаболковиот оцет може да ги оштети забите. Затоа секогаш темелно мијте ги вашите заби по консумирањето.rn
Како да го вметнете јаболковиот оцет во вашата исхрана?
rnПовеќето луѓе го раствораат во чаша вода и ја пијат мешавината наутро. Еден од наједноставните начини да го вметнете јаболковиот оцет во исхраната е да го користите во салати.rn
Какви резултати да очекувате?
rnЌе откриете дека јаболковиот оцет ќе ви помогне во контролирањето на телесната тежина и можеби ќе ви го намали апетитот.
Важно е да имате на ум дека овие истражувања се навистина мали. Сепак, тие дале охрабрувачки резултати. Конзумирањето јаболков оцет е навика со малку ризици, но веројатно со многу придобивки.
Погледнете и што ќе се случи доколку секојдневно го чистите лицето со јаболков оцет.

