Дознајте кои се најкратките бракови во историјата на Холивуд!

Сподели

rn

Реклама

Памела Андерсон и Рик Саломон

rnПамела Андерсон имала 4 сопрузи. Најкраткиот од нив бил со Рик Саломон. Бракот траел 2 месеца и на крајот бил поништен. Но, актерката и покер играчот повторно се венчале во 2014 година. Ниту вториот брак не траел долго.rn

Николас Кејџ и Лиза Мари Присли

rnСе зборува дека бракот помеѓу Лиза Мари Присли и големиот обожавател на нејзиниот татко, Николас Кејџ, послужил само како трофеј во име на сеќавањето за кралот на рокенролот. Ќерката на Елвис Присли и познатиот глумец биле само 4 месеци во брак.rn

Џенифер Лопез и Крис Џуд

rnПејачката и танчерот се сакале уште 9 месеци по венчавката, а потоа се развеле. Но, Џенифер имала уште еден краток брак со кубанскиот келнер Ојаниј Нум кој траел 2 месеци подолго од оној со Крис.rn

Кејти Прајс и Алекс Рејд

rnПарот се венчал во Лас Вегас, но нивниот брак траел најдолго од сите бракови на оваа листа. Тие се развеле „дури“ по 1 година.

Во продолжение, погледнете ги и овие славни парови со големи разлики во годините.

Популарно

Може ќе ве интересира