КАФЕ ПАУЗА

Астрологијата и релаксирањето во слободно време

Астрологијата и релаксирањето во слободно време

Колку навистина знаете да се релаксирате и да се препуштите на мислите кои ви говорат дека животот е убав? Дали бесцелно талкате низ секојдневието кога ќе се вратите дома од училиште, факултет или работа и на крајот од денот сфаќате дека сте проживеале уште еден напнат и заморен ден? Или можеби умеете да го пронајдете вашиот метод на „кулирање“ и да им дозволите на вашето тело и ум да ги „наполнат батериите“ за новото утре? Прочитајте што велат ѕвездите за вашиот хороскопски знак.rnrnАстрологијата и релаксирањето во слободно времеrn

Кардинални знаци

rnОвенот, ракот, вагата и јарецот чувствуваат вишок на енергија во себе, која сакаат да ја согорат со тоа што си задаваат цели кои сакаат да ги постигнат, па изгубеното време поминато во паузи, може да биде стресно за нив. Она што им треба, е да поминат повеќе време со нивните блиски другари и со членовите на семејството и да научат како да забават.rnrnЈарецот мора да научи да биде понежен, полн со љубов, милостив и да посвети повеќе време на своето семејство и на сите блиски луѓе воопшто.rnrnОвенот треба да го научи значењето на зборот сплотеност и да му дозволи на неговиот партнер, барем понекогаш да ги „држи конците“.rnrnНа вагата ѝ користи времето помината сама со себе, бидејќи на тој начин се заштитува од нејзино вовлекување во нешто во кое не сака да биде.rnrnРакот дефинитивно треба да потроши време на самоанализа во мирно опкружување, бидејќи тоа ќе му помогне да си ги „наполни батериите“.rnrnrn

Променливи знаци

rnБлизнаците, девицата, стрелецот и рибите се неуморни знаци, но после напорниот ден, тие со задоволство ќе се стават во „chill-out“ мод.rnrnНа близнаците сè што им треба, е да го одржат нивниот ентузијазам и оптимизам на високо ниво, бидејќи кога немаат што да прават, тие стануваат намуртени и меланхолични.rnrnДевицата треба да научи како да „одлета“ со мислите, наместо постојано да се грижи за плановите и за најситните детали.rnrnСтрелецот ќе има поголема корист ако помине повеќе време размислувајќи ги, а не правејќи ги работите.rnrnРибите ќе се чувствуваат поисполнето, доколку после напорниот ден прават некоја физичка активност.rnrn

Фиксни знаци

rnБикот, лавот, скорпијата и водолијата имаат тенденција да ги мразат промените, така што нивната промена од состојба на работење кон состојба не правење ништо кога ќе дојдат дома, ќе ги направи нерасположени барем во текот на наредните неколку часа.rnrnБикот знае да се препушти на мрзата, така што тој не би требало да има никаков проблем во „вклучувањето на копчето за релаксација“.rnrnИмањето пријатели покрај себе е секогаш најдобрата алатка за релаксација на лавот.rnrnСкорпијата треба да усвои малку од методот за уживање и релаксирање на бикот и да се почести себеси со едно сериозно опуштање на телото и умот.rnrnВодолијата треба да научи да ги игнорира сите околу себе и да се концентрира на себеси, барем неколку дена. Ќе се врати ревитализирана и освежена.rn
rnrnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn