Веројатно сте се нашле во ситуација кога зрачите со позитивна енергија и со среќа, сакате да го споделите тоа чувство со останатите, но наидувате на кисела насмевка и на неодобрување.rnrn
rn
Зошто вашата светлина им пречи на луѓето што живеат во мрак?
rnВо животот има луѓе кои буквално се исполнети со светлина и кои осветлуваат сè околу нив, но има и такви што ќе ве отрујат со својата токсичност.rnrnНајвпечатливо е тоа што негативните луѓе се откриваат во моментот кога сте најсреќни и кога сакате да ја споделите радоста со светот. Овие луѓе не треба да ве интересираат бидејќи тие се деструктивни, а вистински пријатели се оние што се среќни кога вие сте среќни.rnrnСветлината и темнината се дел од човечката природа. Некој во душата има светлина, а некој темнина, односно завист и гнев. Проблемот е во тоа што кога вие треба да комуницирате со тие луѓе, веќе знаете дека среќата на другите кај нив предизвикува гнев.rnrnФакт е дека таквите луѓе ќе се чувствуваат подобро само кога ќе го расипат вашето расположение бидејќи во нивните души живее зло, а низ нивните вени тече завист.rnrnНо, ако некој постојано ја гасне вашата светлина и ако не можете да ја споделите среќата со таа личност, што правите вие покрај неа? Колку повеќе време ќе поминете со токсична личност, толку потешко ќе ви биде да се вратите во позитивно расположение.rnrnКога чувствувате радост, сосема е природно да имате желба да ја споделите радоста со другите. Секој го прави тоа на свој начин, но целта е иста – сакате да ја споделите својата среќа за душата на останатите да стане поубава, како што е вашата.rnrnАко во такви моменти наидете на злобни луѓе кои не знаат да ја прифатат вашата радост, ќе се случи најлошото – радоста ќе ве напушти. Наместо поддршка, ве пречекуваат злоба, завидлив поглед и отровни зборови.rnrnСреќата е заразна, но само за оние што светат одвнатре. Ако вашата радост не ја зарази личноста со којашто ја споделувате, не обвинувајте се себеси. Секој располага со тоа што го носи во својата душа.rnrnПрочитајте како да го активирате хормонот на среќа за само неколку минути.