Среќна седмица: Доколку вашиот омилен број е 7, во вас се крие бунтовник!

Сподели

Се чувствувате посебно, бидејќи вашиот омилен број 7 е толку „оригинален“? Мораме да ве разочараме и да ви кажеме дека се наоѓате во толпата истомисленици кои едноставно го обожаваат. Математичарот Алекс Белс на својот веб-сајт објавил анкета за да дознае кој е најчестиот „омилен број“, па собрал 44.000 мислења од сите краеви на светот и дошол до занимливи откритија.

Реклама
Реклама

rn

Реклама
Реклама

Кои броеви најмногу нѐ привлекуваат?

rnНепарните броеви се високо над парните, броевите кои завршуваат на нула се нашле на дното од листата, а занимливо е што многумина го избрале 3,14 (Пи) или 1,618 (Златен рез) за свој омилен број.

Популарен е и бројот 42, кој според книгата „Водич низ галаксијата за автостопери“ одговара на сите клучни прашања во животот.

Реклама

rn

Мис на броевите, прва и втора придружничка

rnНа трето место се наоѓа бројот 8, кој според кинеските верувања се поврзува со богатството, додека на второто место заблеска бројот 3.

Сепак, најпопуларен од сите е бројот 7 кој ги фасцинира луѓето со векови.

Во Лас Вегас овој број се смета за среќен, има 7 џуџиња, 7 самураи, 7 гревови, но има и 7 дена во неделата и 7 континенти.

Сепак, Белос вели дека причината за обожавање на овој број е желбата за бунтовништво, бидејќи тој е вистински математички „дивјак“ помеѓу броевите. Ако ја сакате седумката, вие спаѓате во индивидуите кои не познаваат правила и кои си живеат по свое – во математиката или во реалниот живот. Можеби затоа што и вие сонувате дека некогаш, исто како нив, ќе се издигнете и ќе се побуните против оние кои ве ограничуваат.

2, 5, 11, 15, 20, 43: Најважните броеви во вашиот живот!

Најново

Може ќе ве интересира