Иако сте пробале веќе сè, изгледа дека добриот сон е навистина недостижен. Можеби решението на овој проблем е да ја обновите вашата плејлиста и да додадете бинаурални тонови.rnrn
rnrnБинауралните тонови се однесуваат на начинот на кој нашиот мозок ја перципира разликата помеѓу две малку различни фреквенции звук кои се пуштаат во двете уши како еден тон. На пример, имате тон од 300 херци во едното и тон од 290 херци во другото уво. Интересно е што вашиот мозок ќе апсорбира и ќе процесира тон од 10 херци. Ова е звучен бран со многу ниска фреквенција што всушност не можете да ја чуете, но сепак има ефект на вашиот мозок.rn
„Истражувањата покажуваат дека слушањето на овие звуци кои создаваат тон со ниска фреквенција ја намалуваат мозочната активност. Ова може да ви помогне да се релаксирате, да ја намалите анксиозноста и полесно да заспиете“, изјавил доктор Мајкл Брус.
rnНо овде не станува збор само за забавување на мозочните бранови. Едно истражување ја пронашло врската помеѓу слушањето бинаурални тонови и 3 хормони поврзани со спиењето. Поконкретно, испитаниците кои ги слушале тоновите имале намалување на хормонот за стрес кортизол и зголемување на нивото на ДХЕА и мелатонин, хормони кои го поттикнуваат спиењето.rnrnЗа и самите да ги почувствувате ефектите, можете да ги најдете овие тонови на Јутјуб. Набавете квалитетни слушалки и слушајте ги неколку недели пред спиење. Можеби нема да го решите проблемот, но нема да изгубите ништо и ако само пробате.rnrnПробајте го и овој трик што ќе ви помогне да заспиете за само 6 минути.
