Ал Хамра е дестинација која со текот на годините сè повеќе се наоѓа на списокот на омилените дестинации за необична авантура и една од најстарите во Оман. Стои во подножјето на планината околу 400 години и сите куќи се изградени од кал.rnrn
rnrnПовеќето куќи се напуштени и трошни, а шетањето низ тесните улици во текот на ноќта е посебно искуство. Може да се каже, и тест за храброст за оние кои се плашат од темнината. Веднаш штом сонцето ќе зајде над хоризонтот, само мачките можат да се справат во темнината, затоа што нема улично осветлување.rnrnЕдна од омилените активности на туристите е искачување на покривите и уживање во погледот, односно фотографирање. Ако одлучите да патувате во Ал Хамра, сместување може да побарате во Бајт Аjабала, што е најблиску до искуството на спиење во типични кал куќи. Иако сместувањето е скромно (со душеци на подовите), појадокот е вклучен во цената и велат дека е е исклучително вкусен и добра можност за истражување на егзотичните кујни.rnrnАл Хамра е позната и како Хамра Ал Абриин, а името се однесува на племето Ал Абри, кое живеело таму. Не пропуштајте го блиското село Мисфат Ал Абриин кое се смета за едно од најубавите во земјата.rnrn
rn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за овој идиличен швајцарски град сместен помеѓу езера и планини.
Ал Хамра: Село во кое само храбрите излегуваат по зајдисонцето
