КАФЕ ПАУЗА

Неочекувано: Разочарувања кои ги носи завршувањето на факултетот

После години и години образување, откако конечно во рацете ја држите дипломата, ви се чини дека целиот свет е ваш. Меѓутоа, реалноста брзо ве демантира и се соочувате со низа разочарувања. Ова се најголемите меѓу нив.rnrn(0) Neochekuvano:Razocharuvanja-koi-gi-nosi-zavrshuvanjeto-na-fakultetot-kafepauza.mk.jpgrn

Работата нема да ви „падне од небо“

rnИако сте дипломирани, не значи дека нема да има потреба да барате работа. Стресот кој доаѓа со разговорите за работа и одбивањата е составен дел од овој процес – важно е да не се откажувате и да се наоружате со трпение.rn

Ниедна работа не е лесна

rnИлузијата дека секој веднаш ќе почне да ја работи работата од своите соништа брзо ќе се распадне. Веројатно некое време ќе мора да волонтирате и да обавувате должности кои другите не ги сакаат. Сепак, сето тоа спаѓа во стекнувањето искуство.rn

Дружењата со пријателите ќе бидат поретки

rnИако мнозинството од нас мислат дека на факултет сме стекнале пријатели за цел живот, после дипломирањето животот често нè демантира. Штом ќе запрат предавањата, ќе се намалат и излегувањата на кафе за време на паузите и групното учење, па пријателствата ќе се проретчат.rn

Врските стануваат посериозни

rnЉубовните врски не се исти пред и после факултетот. Кога имате 18 години, не претставува проблем да се забавувате со некој кој нема план за иднината, но по завршувањето на факултетот сите бараме стабилност и сигурност.rn

Најубаво е кај родителите

rnИако е убаво да имаш свој стан и сопствен мир, на секој му е најубаво кога ќе се врати под родителскиот кров – таму каде што сѐ е секогаш испрано, испеглано и зготвено.