rn
5. Трки со коњи
rn
rnrnЕден од најопасните и најсуровите начини да се „дружите“ со коњ се коњските трки. Секој натпревар за брзина е голем стрес за животното. Нивната нежна кожа се оштетува, нозете им се кршат, имаат болки во зглобовите и психолошки се чувствуваат лошо. Имало случаи и каде што коњите умирале сред трка поради истоштеност. Спортската кариера на овие коњи е околу 10-15 години. Потоа, психички и физички повреденото животно се убива и се јаде.rnrnАлтернативно решение: Посетете центар за рехабилитација на коњиrn
6. Зоолошка што дозволува да ги допирате животните
rn
rnrnОвие зоолошки се навистина популарна забава за децата. Родителите сакаат да ги носат нивните малечки на места каде што можат да допрат мачки, лисици, ракуни и слично. Тие веруваат дека ова е одличен начин децата да научат да ја сакаат природата. Но, малкумина се запрашале како „природата“ се чувствува за ова. Овие животни се допирани и галени илјадници пати во текот на денот. Покрај тоа, животните сигурно не сакаат да живеат во простор без светлина и свеж воздух. Единствената причина за постоење на овие зоолошки е заработката.rnrnАлтернативно решение: Работете како волонтер во засолниште за животниrn
7. Шоуа со крокодили и алигатори
rn
rnrnКрокодилите кои изведуваат пред луѓе најчесто ги чуваат на фарми во мали соби, кои се полни со други рептили. Животните ги пуштаат само за време на претставата. Луѓето кои изведуваат со крокодилите знаат многу трикови, како ставање на раката во устата на животното, па понекогаш гледачите сведочат и на несреќи.rnrnАлтернативно решение: Одете на сафари во природно живеалиште на крокодилиrn
8. Фотографии со егзотични животни
rn
rnrnФотографиите со мајмуни или папагали се популарни на места каде што има многу туристи. Многу луѓе едноставно не можат да одолеат на фотографија со овие шармантни животни. Па, на овој начин го поддржуваат овој суров бизнис. Овие животни се направени безбедни за клиентите – им се отстрануваат забите и канџите и им се даваат средства за смирување. На крајот на сезоната, повеќето мајмуни, папагали и други животни се убивани, бидејќи е поскапо да се одгледуваат кога нема туристи.rnrnАлтернативно решение: Фотографирајте се со животни во нивното природно живеалиштеrn
9. Јавање коњи
rn
rnrnЈавањето коњи може да биде пријатно искуство и за јавачот, и за коњот. За ова потребно е да има посебна врска помеѓу нив, која е заснована на доверба и грижа. Невозможно е да ја воспоставите оваа поврзаност кога само го користите коњот. Организациите кои нудат јавање коњи најчесто сакаат само да заработат што е можно повеќе пари. Па често им ги даваат коњите на аматери или премногу дебели јавачи, кои лесно можат да го повредат животното. Понекогаш се користат евтини коњи од касапи, кои потоа им се враќаат за да бидат убиени.rnrnАлтернативно решение: Одете на професионални часови за јавање коњиrnrnСе разбира, не е лесно да престанете да посетувате место каде што обично имате позитивни емоции. Секој пат кога одите на вакво место, сакате да верувате дека животните не страдаат. Но, ова е лага и животните можат да имаат добар живот само кога можат да се однесуваат како животни. Тие не се артисти, не се за да нè забавуваат и не се овде за да се фотографираме со нив.rnrnЗнаевте ли дека животните стануваат ноќни за да избегнат контакт со луѓето?
