Одбивајќи да живеат и да се однесуваат на повнимателен начин, луѓето ја уништуваат Земјата. Животните се свесни за ова, па едно истражување покажало дека сè повеќе и повеќе видови стануваат ноќни.rnrn
rnrnИстражувањето е спроведено од Кејтлин Гејнор, еколог на Универзитетот во Калифорнија. Заедно со нејзините колеги таа заклучила дека обичните активности како планинарење и кампување ги плашат животните и ги тераат да бидат поактивни во текот на ноќта.rn
„Ова укажува дека животните се однесуваат внимателно околу луѓето. Можеби мислиме дека не оставаме трага кога шетаме низ шумите, но нашето присуство има трајни последици.“
rnЗа истражувањето Кејтлин анализирала 76 истражувања кои вклучувале 62 видови животни од 6 континенти. Дабарите во Бразил, лавовите во Танзанија, којотите во Калифорнија и тигрите во Непал учествувале во истражувањето.rn
„Истражувачите споредиле колку време се активни овие суштества надвор во однос на разни човечки активности како ловење, планинарење и фармерство. Во просек, тимот открил дека човечкото присуство предизвикало зголемување на ноќната активниот за 20%, дури и кај животните кои не бил ноќни.“
rnАна Бенитез Лопез која го прегледувала истражувањето изјавила:rn
„Никој ги немаше собрано и анализирано овие податоци на ваков детален начин.“
rnКејтлин додала дека наодите се малку застрашувачки.rn
„Дури и ако луѓето мислат дека немаме влијание на животните, влијаеме без да знаеме. Луѓето го прават нивното во текот на денот, а животните во текот на ноќта.“
rnКејтлин се надева дека видовите ќе научат да коегзистираат и да ја делат планетата.rnrnЗнаевте ли дека луѓето уништиле 83% од сите диви животни на планетата?
