Луѓето ретко умеат да го согледаат богатството кое се крие во нив и среќата која секојдневно ги опкружува. Наместо тоа, тие постојано бараат нешто повеќе, нешто подобро, нешто што навидум ќе им донесе повеќе радост. Но, кога работите ќе се влошат, тогаш им се отвораат очите и тие почнуваат да го ценат она што го имаат. Прочитајте ја и оваа кратка поучна приказна која ќе ви покаже дека секогаш има нешто полошо и дека треба да бидете благодарни за она што веќе е до вас.rnrn
rnrnЕден капетан со својот брод тргнал да плови по морето, но по одредено време почнало да се појавува голема бура. Еден човек кој се наоѓал таму почнал да плаче и да се плаши, бидејќи никогаш претходно не бил на брод. Неговиот плач бил толку гласен и упорен што останатите се налутиле, а капетанот сакал да го фрли во морето. Неговиот главен советник, кој бил многу мудар, му рекол: „Не. Препуштете ми го на мене. Мислам дека можам да му помогнам“.rnrnТогаш тој наредил човекот да биде фрлен во водата. Во моментот кога се нашол во морето, кутриот човек од ужасната ситуација почнал да вика и чука во водата. После неколку секунди, мудрецот наредил да го извлечат. Кога се вратил на палубата, човекот лежел во еден агол, во целосна тишина. Кога капетанот го прашал својот советник која е причината за тоа, тој му одговорил: „Никогаш не сфаќаме колку сме среќни сѐ додека ситуацијата не стане полоша“.
Поучна приказна: Никогаш не сфаќаме колку сме среќни сѐ додека ситуацијата не стане полоша
