Мачките навистина сакаат дремки и сакаат да се галат, па има ли подобар начин да помогнете во некое засолниште за мачки од тоа да дремнете заедно со нив?rnrn
rnrn75-годишниот Тери Лауермен го знае ова и затоа редовно го посетува локалното засолниште за мачки за да дремнува со нив. Вработените во засолништето во Висконсин изјавиле дека едноставно еден ден дошол со чешел и прашал дали може да ги исчешла мачките.rnrn
rn
„Само влезе и почна да ги чешла мачките. По некое време му кажавме дека е официјален волонтер и го замоливме да пополни формулар за волонтери“, изјавила Елизабет Фелдхаусен, основачката на засолништето.
rn
rnrnТери го посетува засолништето секој ден, а понекогаш останува и по 3 часа. Ги чешла мачките пред да задреме со нив, а потоа се буди и го повторува процесот. Од искуството сите имаат придобивки, а подобрување се забележало во целото засолниште.rnrn
rnrnОткако вработените одлучиле да му посветат Фејсбук објава на Тери и неговото волонтирање, тој се прославил многу брзо. Поради овој публицитет многу луѓе почнале да донираат за засолништето, па вработените можат уште долго да работат.rnrn
rn
„Нашите донации се зголемија! Обично добивавме околу 3.500 евра месечно, оваа недела добивме речиси 30.000 евра! Ова е неверојатно бидејќи зависиме најмногу од донации“, изјавила Елизабет.
rn
rn
„Најверојатно ќе додадеме повеќе соби за карантин за да можеме да вдомиме повеќе мачки побрзо. Ќе направиме и изолација за да бидеме енергетски поефикасни оваа зима. Ќе имаме повеќе од доволно пари за сето ова, а остатокот ќе го зачуваме за лоши денови.“
rnЗнаете ли за старите мачки што одат во посета на пензионерски домови?
