Есенцијалните масла се неисцрпен извор на прекрасни мириси и се составен дел на еколошките производи за нега на тело. Ако има нешто што навистина го сакаме во нашиот дом, тоа се мирисливите и чисти чаршафи во кои е вистинско задоволство да се вовлечеме по напорниот работен ден.rnrn
rnrnОсвен правилниот начин на перење, користењето омекнувач без вишок хемикалии и пеглање на постелнината, постои и друг начин да ја додадете таа посебна нота на свежина во вашиот кревет. Станува збор за мирисливи вода што може да се искористи за прскање на алиштата и постелнината, а можете да ја направите и сами.rn
Потребен материјал:
rn
- rn 011
- 40-50 капки есенцијално масло од лаванда
- 1/4 чаша вотка без вкус (може да се користи и изопропил алкохол)
- приближно 800 милилитри дестилирана вода
- мало шише со прскалка
- стаклено шише за чување на спрејот
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Постапка:
rnИзмешајте ги вотката и есенцијалното масло од лаванда во стаклено шише.rnrnДодајте ја дестилирана вода сè до врвот шишето.rnrnПротресете го шишето за маслото да се распореди рамномерно. Наполнете го малото шише со прскалка со оваа мешавина и нежно протресете го пред секоја употреба.rnrnСо оваа течност можете да попрскате сè: завеси, перници, крпи и сл. Нејзиниот мирис нема да биде премногу силен, без разлика на колку места сте попрскале во вашиот дом.rnrnОваа течност можете да ја користите и при перење на постелнината, додавајќи ја во фазата на плакнење.rnrnПостелнината ќе има благ мирис на лаванда што ќе ви го олесни спиењето.rnrnВодата со лаванда можете да ја користите и кога пеглате. Попрскајте ја облеката што ја пеглате со оваа мешавина и таа ќе мириса убаво.rnrnЛавандата ги одбива мувите и другите инсекти, па искористете ја таа нејзина карактеристика и испрскајте го просторот околу прозорецот.rnrnПрочитајте како сами да направите обвивки од пчелин восок за чување храна.