Ах одлуки, одлуки… некогаш толку е тешко да се одлучиме за нешто, што да можевме, ќе одлучевме да не одлучуваме ништо. Но, постојат мигови кога изборот е премногу голем, а носењето одлуки е премногу тешко, а сепак одлуката мора да се донесе. На крај тоа резултира со можеби погрешна одлука и залудно потрошено време. Ова се одлуките кои неодлучните луѓе тешко ги носат.rn
1. Мени со голем избор
rnПочнуваат детално да го анализираат секое јадење. Кутриот келнер веќе три пати се враќа без да добие нарачка, а веќе кога се спремни да нарачаат, одлучуваат дека уште еднаш треба да ги земат сите одлуки во обѕир.rnrn
rn
2. Жолто светло на семафор
rnОна што најмногу ги нервира неодлучните луѓе е жолтото светло. „Да прошишам? Да застанам? Што да правам!?“ Тие моментални одлуки кои можат да бидат од животна важност, на луѓето кои тешко носат одлуки им претставуваат најголемиот кошмар.rnrn
rn
3. Мали физички промени
rn„Дали навистина сакам шишки?“ „ Дали сум апсолутно сигурен/а дека сакам да ја имам тетоважава до крај на животот?“ „ Што ако си ја мразам новата фризура, а ќе треба долго време да чекам пред да ми порасне косата?“ – Ова се само дел од прашањата кои ги мачат овие луѓе. Не би сакале да бидеме на нивно место.rnrn
rn
4. Пакување за на патување
rnОва е особен предизвик за жените затоа што од целиот плакар треба да понесат само 1/10 од него. А тоа е многу тешка одлука. „Па, нормално, не ми се потребни тие високите потпетици од 12 сантиметри, но што ако ми притребаат!?“rnrn
rn
5. Купување во супер маркет
rn„Сакам сирење или кашкавал? Кашкавал или сирење? Сирење или кашкавал? Океј, дефинитивно сирење. Не, чекај! Сепак, ќе земам кашкавал. А, кој од овие 14 производители најмногу ќе ми се допадне?“ И така за сите намирници кои се наоѓаат на листата. А кога станува збор за шопинг, работите стануваат многу полоши.rnrn
rn
6. Пуштање музика
rnДа се биде одговорен за музиката е многу стресно. Особено ако не можете да одлучите која од илјадниците песни да ја пуштите следна. Една професија која неодлучните луѓе никогаш не би ја избрале – диџејството.rnrn
rn
7. Кога се судруваат со човек кој оди во спротивна насока и треба да одлучат дали да одат лево или десно
rnВообичаено ја одбираат погрешната страна и тоа резултира со судир, па некое „упс, извинете“ за повторно да се случи истото. Второ можно сценарио е додека тие да одлучат, човекот кој оди спроти нив да ја донесе таа одлука за нив.rnrn
