7 примери за решавање глобални проблеми што сите треба да ги следиме

Сподели

rn

Реклама

4. Намалување на цената на електричната енергија

rnРечиси сите извори на енергија коишто ги користиме денес се штетни за околината, а сметките за струја не престануваат да растат. Сепак, модерниот човек не може да си го замисли животот без електрична енергија.

Научниците постојано бараат алтернативни извори на енергија и многу држави одбиваат да изградат нуклеарни централи. На пример во Италија се затворени сите атомски централи и одбиваат да користат нуклеарна моќ. Белгија, Германија, Шпанија, Швајцарија и Тајван планираат да го следат овој пример.

Обновливите извори на енергија се од корист и од еколошка и од финансиска гледна точка. Во Германија се произведува толку многу енергија од обновливи извори што цената на струјата може да падне под нула.rn

5. Спасување загрозени видови животни

rnСпоред научниците, ако на Земјата нема луѓе бројот и разновидноста на животните би пораснале. Од друга страна, ако нема животни човештвото би изумрело за брзо. Иако луѓето се одговорни за уништувањето на многу видови, има случаи кога успеале да ја поправат грешката.

Знаете ли дека пандите се загрозен вид? Во Кина постои цела полиса за заштита на природното живеалиште на пандите. Ако го убиете ова животно, можете да се соочите со смртна казна.

Во 1972-ра година, антилопите биле пред истребување. Само неколку богати шеици ги чувале. Токму тие решиле да започнат програма за да го обноват овој вид. Тие вложиле многу време, труд и пари и го добиле посакуваниот резултат. Од 2011-та година, антилопите се тргнати од листата на загрозени животни.rn

6. Бесплатна дистрибуција на продукти

rnЗнаете ли што прават супермаркетите со производите чиј рок на траење е при крај? Повеќето им ги намалуваат цените или ги употребуваат. Но, би можеле да им помогнат на оние со ниски плати.

Првата држава со оваа идеја е Германија. Сопствениците на продавниците почнале бесплатно да ги даваат производите чиј рок на траење бил при крај. Исто така во Германија можете да најдете и „банки за храна“. Плаќате само за влез кој е помеѓу 1 и 2 евра, а сите производи се бесплатни.rn

7. Грижа за среќата на луѓето

rnАко создадеме само едно министерство и во центарот на националната полиса ја ставиме среќата на луѓето, многу проблеми би исчезнале.

Кога шеикот од Дубаи го прашале зошто на неговата држава му е потребно министерство за среќа, тој одговорил:rn

„Сакам моите луѓе да имаат подобар живот сега. Сакам да добиваат соодветно образование сега. Сакам да имаат пристап до најдобрите лекови и да бидат здрави сега. Не за 20 години.“

rnВтората држава со исто министерство е Бутан. Во 2008-ма година власта прогласи дека среќата на луѓето им е приоритет. Кога жителите биле прашани за нивната среќа, 45,2% одговориле дека се екстремно среќни, 51,6% среќни и само 3,3% изјавиле дека не се многу среќни.

Погледнете ги и овие начини со кои можете да направите значајна промена за планетата.

Најново

Може ќе ве интересира