Патувањето е едно од најдобрите искуства кои животот ни ги нуди. А кога патуваме, многу важни се нашите сопатници. Ако сме во лошо друштво, тогаш голема е веројатноста нашето патување да испадне катастрофа. Дали вие спаѓате во овој тип луѓе со кои патувањето е вистинка авантура и уживање?rnrn
rn
1. Компасот
rnОвој тип луѓе се спремни да ве однесат секаде каде што сакате. Во супермаркет, во прекрасниот бар каде што бевте пред неколку дена или на некое друго место на кое вие целосно сте заборавиле. Тие ги памтат патиштата и секогаш знаат каде треба да одат. Тие се оние кои не паничат кога ќе се изгубат, туку смирено и брзо ќе го пронајдат вистинскиот пат.rnrn
rn
2. Зависникот од адреналин
rnЧестопати патувањата се наменети за подигнување на адреналинот и доживување нови работи. Со оваа личност никогаш нема да заборавите на тоа. Првиот ден ве носат на прошетка со параглајдер, вториот ден на планински велосипедизам, а веќе на третиот ќе смислат нешто ново. Ваквите луѓе ќе го направат патувањето возбудливо и незаборавно. А некогаш, тоа е токму она што секому е потребно.rn
3. Обожавателот на храна
rnКога патуваме, многу пати се случува да не знаеме што јадеме. Затоа е тука обожавателот на храна. Тие ќе ви ги прошират хоризонтите искусувајќи прекрасна локална храна и ќе ги одведат вашите усни папили на гастрономско патување така што секогаш ќе посакувате уште. Нивниот ентузијазам и љубов кон храната се заразни, што некогаш дури и ќе ве натераат да го пробате најризичното јадење на менито.rnrn
rn
4. Опсесивно-компулсивен организатор
rnСпонтаните активности се интересни само првите неколку дена, потоа ако немате план, постојат големи шанси да ви биде здодевно. Можеби не звучи како најдобра идеја, но верувајте дека овој човек навистина ви е потребен. Благодарение на нивната организираност секогаш има што да се прави и каде да се оди.rn
5. Фотографот
rnМожеби не се професионалци, но ваквиот тип луѓе ги документираат најважните моменти од патувањето. Тие ќе ги поместат границите и ќе направат сѐ за добра фотографија. Најважното нешто што мора да го понесат на патување е нивниот апарат и никаде не го забораваат, без разлика каде ќе одат. А кога ќе се вратите од патувањето, тие ќе ги оживеат вашите спомени преку фотографиите што ги направиле.rnrn
rn
6. Обучен за преживување
rnАко оваа личност е неколку километри оддалечена од хотелот, без пари, без мапа и без јазични вештини, таа сепак ќе најде начин брзо да се врати назад. За нив, не постои проблем кој не може да биде решен. Од пропуштен лет, до недостаток на транспорт или полни хотели, тие херојски ќе го спасат патувањето.rn
7. Истражувачот
rnОвој вид луѓе не сакаат да одат на сите журки на сите континенти. Напротив, тие сакаат да истражуваат и да откриваат нови работи во местото каде што се. Ќе ве натераат да станете порано за да одите да го погледнете изгрејсонцето од поинаква перспектива и ќе ве натераат долго да пешачите. Но, на крајот од денот, ќе сфатите дека целата мака секогаш се исплатува.rnrn
rn
8. Лингвистот
rnЈазичната бариера во некои случаи претставува проблем при патување. Затоа тука се лингвистите. Тие многу се интересираат за локалното население и воопшто не се одделуваат од водичот за патување. Постојано учат нови зборови и фрази од местото кое го посетуваат. Поради нив, никогаш нема да останете нити гладни, нити без превоз.rn
9. Лесно опремен
rnНекогаш сите влечкаме премногу работи. А, ако не ги влечкаме тогаш ги купуваме. Овој тип луѓе ги носат само најважните работи кои им се потребни и многу ретко купуваат сувенири, па така имаат доволно слободно место да додадат и неколку ваши работи. Затоа, ако на враќање немате место во вашиот багаж, замолете да префрлите дел од вашите работи во нивниот.rn
10. Штедачот
rnМотото на овие личности е дека патувањето нема потреба да биде скапо. Нивната способност да ги забележуваат најевтините барови, ресторани и дискотеки ќе ви заштеди многу пари. Тие ќе направат одлични зделки за картите за патување и хотелот. А на крај, кога ќе ги споредите претходните патувања и ова, ваквата личност засекогаш ќе ја сакате покрај вас.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.