КАФЕ ПАУЗА

6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природата

6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природата

Светот е богат со природни атракции кои со својата убавина се мамка за истражувачите и за туристите. Овие фасцинантни места и сцени кои буквално го одземаат здивот покажуваат колку е моќна природата.rn

1. Големиот корален гребен – најголем во светот

rn6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природатаrnrnГолемиот корален гребен е најголемиот корален гребен во светот и се наоѓа во Тихиот Океан, недалеку од брегот на Квинсленд, во североисточна Австралија. Зафаќа должина од над 2.300 километри и површина од приближно 344.400 квадратни километри.rnrnСе состои од 3.000 индивидуални гребени и вклучува стотици тропски острови. Тој е подолг од Кинескиот Ѕид и може да се види од вселената.rn

2. Бајкалско Езеро – најголемото и најдлабокото во светот

rn6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природатаrnrnБајкалското Езеро се наоѓа во југоисточен Сибир, во азискиот дел на Русија, опкружено со планини.rnrnКај народот е познато како „сино сибирско око“, што има смисла, бидејќи проѕирноста на водата достигнува и до 40,2 метри, од вкупно 1.741 метар, кои беа измерени како најдлабоката точка.rnrnОбликот на езерото е како полумесечина долга 635 километри, со вкупна должина на брегот од 2000 километри и просечна ширина од 48 километри. Бајкалското Езеро е исто така едно од најстарите езера во светот, a се претпоставува дека е старо помеѓу 20 и 30 милиони години.rnrnНајголемата длабочина е околу 1.615 метри и во ова езеро живеат околу 1.500 животински видови, од кои 80 проценти се ендемични.rn

3. Нил – најдолгата река во светот

rn6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природатаrnrnНил, светата река на античките Египќани, се смета за најдолга река во светот (6.397 километри). Поминува низ 11 земји (Уганда, Руанда, Бурунди, ДР Конго, Танзанија, Кенија, Етиопија, Еритреја, Јужен Судан, Судан и Египет).rnrnСо векови е центар на интерес на научниците, на истражувачите, но и на многу туристи.rn

4. Ангелски Водопад – највисокиот во светот

rn6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природатаrnrnАнгелскиот Водопад со висина од 979 метри, со спуст од речиси еден километар, ја носи титулата највисок водопад во светот.rnrnОва прекрасно природно чудо се наоѓа во националниот парк „Канаима“ и е најзначајната туристичка атракција на Венецуела.rnrnСе наоѓа на списокот на 100-те најубави места во светот. До него е многу тешко да се стигне и е опкружен со природни структури познати како тепуи.rn

5. Мртво Море – на најниска надморска височина

rn6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природатаrnrnМртвото Море се наоѓа на 430 метри под нивото на морето и секоја година паѓа за уште еден метар.rnrnПознато е по екстремното ниво на сол, поради што во него нема живи организми и луѓето не можат да пливаат.rn

6. Најдолгата плажа „Praia do Cassino“ – се наоѓа во Бразил

rn6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природатаrnrnОваа плажа е долга околу 245 километри од Рио Гранде до границата со Уругвај и се смета за најдолгата плажа во светот.rnrnПлажата е популарна и кај локалното население и кај туристите и нуди различни спортски активности во и околу водата.rnrnПогледнете кои се 10-те земји каде што домаќините најмногу се грижат за чистотата на сместувањето и за здравјето на туристите.