5 совети со кои занемарениот ходник ќе стане ѕвезда во домот

Сподели

Само неколку внимателно избрани детали ќе го претворат празниот и досаден ходник во убав и пријатен простор. Во продолжение дознајте како можете да го постигнете тој ефект.

Реклама

rn

1. Лустери

rnЛустерите се сјаен и впечатлив украс за секој дел од вашиот дом, а многу лесно може да го подигнат и целокупниот визуелен впечаток на вашиот ходник. Ако сте љубители на класичниот стил на уредување, тогаш сигурно ќе се одлучите и за некој рустикален лустер, а љубителите на модерните ентериери ќе посакаат помодерни светечки форми. Немојте да се плашите ниту од грандиозните лустери, но имајте на ум дека во тој случај е многу важна висината на просторот, бидејќи големите лустери можат нискиот простор визуелно да го направат уште помал и да остават впечаток на натрупан простор.

rn

2. Фотографии и слики

rnАко немате ходник со корисна големина, туку неговата улога е само да ве внесе во домот, искористете го така што во него ќе создадете ваша мала уметничка галерија. На ѕидовите можете да изложите слики, а доколку повеќе ги сакате фотографиите – направете ѕидна галерија од вашите најомилени дела. На тој начин на целиот простор ќе му дадете доза личен печат и ќе го направите „свој“.

rn

3. Тапети

rnХодникот можете целосно да го трансформирате и со помош на тапети. Ако станува збор за тапети со некој интересен принт, тогаш тие може да бидат сосема доволен додаток во влезниот простор.

rn

4. (Корисно) парче мебел

rnВо поголемите ходници собира и комоди кои се исклучително важни, бидејќи служат како дополнителен простор за складирање. Ако изберете некој „откачен“ примерок во занимлива боја или со посебни рачки, комодата станува и украс за ходникот. Во помалите ходници сместете мали ѕидни гардеробери со закачалки за капутите и јакните, а пожелен додаток е и мала клупа која е практична за обување и собување обувки.

rn

5. Впечатливи бои

rnНе морате да играте на сигурно кога е во прашање уредувањето на ходникот. Слободно експериментирајте со впечатливите бои без оглед на тоа дали станува збор за уредување на ѕидовите или мебелот и додатоците кои сакате да ги поставите во ходникот. Таму можете и да испробате дали ви се допаѓаат одредени нијанси во вашиот дом, па искористете ја таа прилика пред да се одлучите за уредување на останатите простории.

Доколку се запрашувате како да ја уредите малата просторија, погледнете на кои начини визуелно да ја зголемите малата просторија.

Најново

Може ќе ве интересира